Кошаркарот на Сан Антонио Спарс, Виктор Вембанјама, ќе го пропушти остатокот од сезоната.
Шамс Чаранија, познат НБА инсајдер, како причина го наведува згрутчувањето на крвта во десното рамо.
Францускиот центар минатиот викенд учествуваше на Ол-стар натпреварот во Сан Франциско, па оваа вест е дотолку повеќе изненадувачка.
Сезонава тој има просек од 24,3 поени, 11 скокови и 3,7 асистенции на 46 натпревари.
Вембанјама е член на Спарс од 2023 година, кога беше избран како прв пик на драфтот.
Минатата година беше прогласен за дебитант на годината, беше лидер во блокади, а беше и член на најдобрата дефанзивна петорка.