Авто новости

Крај за Airbus и Boeing: Кинеско-руска соработка која ќе завладее со авионската индустрија

6. ноември 2018 - 12:18 | К.З.

На најголемиот авио собир во Азија, Кина и Русија ја промовираа нивната последна соработка – просторен патнички авион. Тие претставија модел на авионот во природна големина, а публиката беше импресионирана од она што го виде.

На јавноста ѝ беше претставен авионот CR929 кој е плод на комбинираното вложување на Кина и Русија преку заедничката компанија CRAIC.

„Нашата програма напредува и засега оди според предвидениот рок. Моментално се наоѓаме во фаза на идејно проектирање и сме во потрага по компанија која ќе ја произведува опремата, која ќе биде завршена до 2019 година“, вели претседателот на CRAIC.

Трупот на авионот е долг 22 метри, висок 6,5 метри и широк 5,9 метри. Одвнатре е широк и просторен, додека кокпитот на саемот беше претставен со вистински системи за навигација и опрема која дополнително ќе биде избрана.

„Повеќе личи на Airbus отколку на Boeing“, заклучи еден од експертите на саемот.

Руската компанија UAC и кинеската COMAC уште во 2014 година најавија дека ќе соработуваат на проекти кои предвидуваат производство на широки авиони, а три години подоцна ја оформија компанијата CRAIC (China-Russia Commercial Aircraft International Corporation).

Целта на компанијата е да застане на патот на дуополото во авионската индустрија кој го сочинуваат Airbus и Boeing, кои се единствените две компании кои навистина се натпреваруват на пазарот на производство на авиони за комерцијални летови.

Коментирај