Крах на технолошките компании: 258 милијарди долари „испарија“ за 24 часа

Неповолната состојба на светската економија и претстојната рецесија влијаеја на падот на вредноста на најголемите технолошки компании.

Инвеститорите „гледаа црвено“ на Волстрит кога станува збор за акциите на големите технолошки компании. Убедени се дека неповолната состојба на светската економија и претстојната рецесија особено ќе се одразат на приходите на технолошките гиганти, бидејќи клиентите ја намалија потрошувачката и го намалија купувањето што го сметаат за непотребно - како купување на нов телефон или најнов технолошки уред.

Периодот на трошење засега е завршен и за домаќинствата и за бизнисите, што ќе влијае на технолошките компании кои имаат тенденција да напредуваат во време на раст.

Apple изгуби 119 милијарди долари за 24 часа

Оваа мрачна слика на пазарот ја потврди и многу негативниот извештај на аналитичарите на Bank of America за компанијата Apple во кој е намален нејзиниот рејтинг. Аналитичарите очекуваат „послаба побарувачка на потрошувачите“ во наредната година и предупредуваат на многу макроекономски предизвици. Во изминатите неколку недели доларот зајакна во однос на другите важни валути, како што се фунтата и еврото, што ќе предизвика намалување на приходите на Apple на меѓународните пазари. Токму растот на доларот доведе до тоа iPhone 14 Pro, кој во САД чини 999 долари, во Србија, на пример, чини околу 1.500 евра.

Овој песимизам особено се одрази на акциите на Apple, чија вредност падна за 5%. Така, највредната компанија во светот изгуби над 119 милијарди долари пазарна капитализација за еден ден.

Meta повеќе не е во Топ 10

Microsoft загуби 26,7 милијарди долари во пазарна капитализација, Alphabet (Google) 4,41 милијарди долари, Amazon 32,7 милијарди долари, Tesla 61,35 милијарди долари и Meta (Facebook) 14,1 милијарди долари. Севкупно, големите технолошки компании изгубија над 258 милијарди долари пазарна вредност за еден ден.

Додека технолошките компании продолжуваат да доминираат на рангирањето на највредните компании во светот, една од нив, компанијата Meta, испадна од Топ 10 и сега е на 11-то место, со пазарна капитализација од 364 милијарди долари.

Топ 10 листата на пазарна капитализација сега изгледа вака:

  1. Apple - 2,2 илјади милијарди долари
  2. Saudi Aramco - 2,1 илјади милијарди долари
  3. Microsoft - 1,7 илјади милијарди долари
  4. Alphabet - 1,3 илјади милијарди долари
  5. Amazon - 1,2 илјади милијарди долари
  6. Tesla - 825,2 милијарди долари
  7. Berkshire Hathaway - 589,4 милијарди долари
  8. UnitedHealth - 472,4 милијарди долари
  9. Johnson & Johnson - 429,5 милијарди долари
  10. Visa - 374,4 милијарди долари.
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Бизнис

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Read more

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more

Доларот е на највисоко ниво во последните пет месеци

Read more

Драстичен пад на цената на биткоинот

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе