Кралица на народот: Убавата Летиција рециклира модни комбинации

Шпанската кралица Летиција (46) се појави на настан облечена во модна комбинација што веќе ја има носено, покажувајќи дека и славните личности знаат да бидат штедливи кога е облеката во прашање и не мора да се водат по застареното „правило“ дека „не смеат да бидат видени“ два пати во истата облека.

Облечена во црвено од глава до пети, Летиција изгледаше елегантно во класичен џемпер со копчиња на ракавите и панталони со висок струк и широк појас на Hugo Boss, во комбинација со црвени салонки и дијамантски обетки.

Оваа комбинација кралицата ја избра за свеченото затворање на Семинарот за новинари во Бурго де Осма, настан што е многу близок за Летиција која пред да стане дел од кралското семејство беше успешна новинарка.

Кралицата Летиција ја почна врската со кралот Фелипе во ноември 2002 година и во 2003 година, набрзо откако беше унапредена на позицијата уредничка на националниот ТВ-дневник, таа даде отказ и веднаш беше соопштена кралската свршувачка.

Филипе (50) го наследи кралскиот престол во 2014 година. Кралската двојка има две деца – принцезите Ленор (13) и Софија (11).

Летиција нема кралско потекло - таа е внука на такси возач и најстарата ќерка на новинарот Хесус Хозе Ортиз Алварез и неговата прва сопруга Марија де ла Палома Рокасолано, медицинска сестра и синдикален претставник. Учела во јавно средно училиште и е магистер за Аудиовизуелно новинарство.

Поради нејзиното „обично“ потекло, но и нејзината непосредност, скромност и приземјеност често ја нарекуваат „кралица на народот“.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Живот

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе