Погребното возило кое ја однесе кралицата Елизабета Втора до нејзиното последно почивалиште беше модифициран Jaguar.
И додека погребното возило со кое се транспортираше телото на кралицата од Шкотска до Лондон беше Mercedes заснован на класата Е, дизајниран од германски Binz, за погребот беше избран Jaguar, во чие создавање учествуваше и самата кралица.
Некои ќе се пошегуваат дека Mercedes бил избран поради километражата што морала да ја помине, што би било малку ризично во наводно „мускулестиот“ Jaguar. Шегата на страна, за време на самата погребна церемонија, која веројатно била режирана со години однапред, имало место исклучиво за националните брендови. Затоа возилата пристигнаа од Jaguar Land Rover.
Погребното возило од Jaguar е обоено во кралската боја Royal Claret, а поради неговата намена драстично е зголемена неговата должина, односно меѓуосовинското растојание. Автомобилот доби соодветна статуа на Свети Ѓорѓи како го убива змејот напред. Истиот украс на кралицата се наоѓа и на нејзиниот Bentley.
Да се вратиме на Jaguar и да ја споменеме елегантно интегрираната стаклена купола одзади во која се наоѓа самиот ковчег. Има и монолитни бандажи, кои покрај естетската улога имаат задача да го носат дополнителното оптоварување на стаклената купола. Кралицата лично учествувала во дефинирањето на дизајнот и го одобрила конечниот дизајн на автомобилот. Да потсетиме дека истиот избор беше направен и за погребот на нејзината мајка, кога ковчегот беше пренесен во модифициран Jaguar XJ.
Покрај Jaguar, во поворката имаше и два Range Rover автомобили во иста нијанса, а потоа имаше и лимузини од кралската флота, пред сè брендовите Bentley и Rolls-Royce.
Интересно е и тоа што и принцот Филип го избал своето погербно возило. За последното возење избра Land Rover 130. Се вели дека на смртната постела рекол: „Ставете ме во задниот дел на Land Rover и возете ме до Виндзор“.