Лос Анџелес Лејкерс славеа со 114:108 против Денвер и поведоа со 3-1 во меѓусебната серија во западното финале на НБА.
Ентони Дејвис и Леброн Џејмс одиграа силен натпревар, но севкупно Лејкерси доминираа, добро се справија во скоковите и имаа предност од 25:4 во поени од втора шанса.
„Кралот“ постигна 26 поени, 9 скока и 8 асистенции, беше одличен во одбраната и реализираше клучни пенали во последниот период. Раџон Рондо додаде 11 поени и 7 асистенции од клупата.
Големиот проблем на Денвер беше што Јокиќ никогаш не влезе во форма откако брзо насобра лични грешки. Србинот остана со 16 поени и 7 скока и во оваа ситуација неговиот тим не можеше да се надева на успех.