Кралот на луксузните автомобили и понатаму на врвот

Mercedes ја задржа „круната“ на пазарот на луксузни автомобили, а BMW е најстабилен бренд во 2018 година.

Mercedes-Benz веќе трета година по ред го задржа приматот на светско ниво кога станува збор за продажба на луксузни автомобили, со речиси 200.000 продадени возила повеќе од најголемиот конкурент, BMW.

Продажбата на автомобилите на Mercedes порасна за 0,9 отсто на 2,31 единици, поддржана од воведувањето на новиот модел A класа што придонесе продажбата на компактни автомобили да сочинува една четвртина од годишната продажба на германскиот автомобилски бренд.

Главниот конкурент BMW, исто така од Германија, забележа раст на продажбата од 1,8 отсто на 2,12 милиони возила. Овој значителен раст се должи најмногу на новите SUV модели што баварскиот гигант ги претстави во текот на минатата година, објави порталот Automotive News Europe.

Третопласиран по продажба на луксузни автомобили е Audi, иако забележа пад од 3,5 отсто на 1,87 милиони продадени примероци.

Луксузните брендови и понатаму остваруваат голема заработка од побарувачката на премиум модели во Кина, која е најголем пазар за автомобили, а во Европа има пад на продажбата на сите автомобилски компании од топ 3.

Најголем пад на стариот континент забележа Audi – дури 14% - а продажбата на Mercedes падна за 2,3 отсто и на BMW за 0,3 отсто.

Во САД, продажбата на BMW порасна за 0,5 отсто, а другите два бренда забалежаа пад на продажбата - Audi за 1,4%, а Mercedes за 6,3%.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Авто новости

Дизелот е мртов за Volvo

Read more

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Read more

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Read more

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Read more
 

Автомобили

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе

Откриена цената на првиот автомобил на Xiaomi: Вреди ли толку?

Читај повеќе