Останати спортови

Кралот се враќа: Конор Мекгрегор најави камбек во 2019

18. декември 2018 - 15:21 | А.С.

Конор Мекгрегор, поранешен УФЦ шампион во лесна и перолесна категорија, најави дека можно е да се врати во октагонот во 2019 година.

„Ги лансирам ракетите во ‘19“, напиша вчера „Ноториус“ на Twitter, објавувајќи фотографија на која удира во вреќа за боксување.

Многу фанови позитивно реагираа на најавата и рекоа дека со нетрпение го очекуваат враќањето на екцентричниот Ирец.

Последна борба на Мекгрегор беше соочувањето со Хабиб Нурмагомедов во почетокот на октомври.

Рускиот борец го совлада Ирецот во четвртата рунда, преземајќи ја титулата во лесна категорија и продолжувајќи ја непрекинатата низа од 27 победи.

По борбата што ќе остане запаметена по општата тепачка меѓу двата тимови по мечот, Мекгрегор изјави дека „одвај чека реванш“, а таткото на Хабиб исто така рече дека син му е подготвен за реванш.

Претседателот на УФЦ Дејна Вајт спомна дека Хабиб би можел следно да се соочи со ММА борците Тони Фергусон и Дастин Поире, но исто така не ја исклучи можоста за реванш со Мекгрегор.

Коментирај