Живот

Кралска венчавка: Принцот Чарлс ќе ја испрати Меган Маркл до олтарот

18. мај 2018 - 11:54 | М.Д.

Британскиот престолонаследник, принцот Чарлс ќе биде тој кој утре ќе ја одведе Меган Маркл до олтарот на венчавката со принцот Хари, соопшти денеска кралското семејство.

Како што се пренесува во официјалното соопштение кое го даде кралското семејство, Меган Маркл го замолила принцот Чарлс да ја испрати до олтарот на венчавката со неговиот син принцот Хари, бидејќи вчера беше објавено дека нејзиниот татко нема да присуствува на венчавката поради здравтвени проблеми.

„На принцот од Велс ќе му биде драго на овој начин да и искаже добредојде на Меган Маркл во кралското семејство“, пишува во соопштението на Кенсингтонската палата.

Коментирај