Кралска венчавка: Славните гости пристигнуваат во Виндзор

Лондон, 19 мај 2018 (МИА) - Принцот Хари и Меган Маркл денеска ќе се венчаат во капелата во дворецот во Виндзор, а церемонијата директно од местото ќе ја следат 600 лица, а преку телевизија целиот свет.

Венчавката ќе почне во 12 часот по локално време.    

Во Виндзор веќе почнаа да пристигнуваат првите гости, меѓу кои Опра Винфри, пејачот Џејмс Блант и актерот Идрис Елба. Набрзо стигнаа и Викторија и Дејвид Бекам, Елтон Џон со партнерот Дејвид Фурниш, како и Амал и Џорџ Клуни.

Вчера беа завршени последните подготовки, а пробата со возењето со кочија предизвика внимание на стотици луѓе. Кралската двојка помина во автомобил во придружба на полицијата.

Безбедносните мерки ќе бидат засилени околу дворецот Виндзор.

Полицијата постави барикади за да ги спречи напаѓачите со возила како што беше случајот кога минатата година возило влета во група луѓе кај Вестминстерскиот мост.

Патролите имаат придружба и од кучиња трагачи.

Од набљудувачите се бара да не фрлаат конфети додека поминува кочијата, со образложение дека тоа претставува потенцијален ризик, а и тешко е за чистење.

Најголемо медиумско внимание последните денови предизвика веста кој ќе ја испрати Меган до олтарот.

Кралското семејство соопшти дека таткото на младоженецот, британскиот престолонаследник принцот Чарлс ќе ја испрати Меган до олтарот препуштајќи му ја на принцот Хари.

Имено, Меган била таа која го замолила идниот свекор да ја придружува на нејзиниот пат до олтарот на капелата Сент Џорџ, откако нејзиниот татко мораше да се повлече поради здравствени проблеми.

- На принцот од Велс ќе му биде чест на овој начин да и посака добредојде на Меган Маркл во кралското семејство, соопшти Кенсингтонската палата.

Британската принцеза Елизабета Втора минатата недела официјално даде свој „благослов“.

Во меѓувреме, во Лондон пристигна мајката на Меган, Дорија Регланд, која вчера првпат се сретна со кралицата Елизабета во дворецот Виндзор во друштво на својата ќерка и идниот зет. Претходно се сретна и со принцовите Чарлс и Вилијам.

Принцот Хари и американската актерка синоќа престојуваа во различни хотели во подрачјето на Виндзор.      

Свадбената торта ќе биде од лимон и сируп од бозел.    

Меѓу девериците ќе биде и Шарлот, ќерката на Вилијам и Кејт, а на девојчињата ќе им се придружи и нејзиниот брат Џорџ.

Според некои проценки, свадбата ќе чини околу 500.000 фунти.

Компанијата „Бритиш ервајс“ на свој начин ќе ја одбележи венчавката, со лет од Лондон до Торонто со екипаж чии членови се викаат Хари или Меган.

Кралската венчавка може да ја следите во живо на следниот линк:

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе