По повод 40-годишниот јубилеј од легендарниот британски ситком, Кралската пошта пушти во продажба специјална збирка на поштенски марки со илустрации од серијата.
За љубителите на филателијата кои се и фанови на „Blackadder“ ова претставува ретка и одлична можност за збогатување на колекцијата.
„Blackadder“ на малите екрани се појави на 15 јуни 1983 година и стана безвременски хит, популарен и ден денес.
Има 4 сезони, секоја раскажувајќи приказна сместена во различно време од британската историја, почнувајќи од 1485 година и завршувајќи во 1917 година. Секоја сезона има 6 епизоди. Потоа од 1988 до 1999 излегоа три епизоди како специјална едиција, а за годинава во март излезе и четврта.
Легендарните ликови на Едмунд Блекадер и неговиот помошник Болдрик ги играат Роуан Аткинсон (Мистер Бин) и Тоби Робинсон.
Марките се достапни исклучиво за онлајн продажба преку веб-страницата на Кралската пошта. За нарачки над 50 фунти доставата во Обединетото Кралство е бесплатна.