Последните податоци кои ги понуди Националното биро за статистика на Британија покажуваат дека економијата на оваа земја пораснала за 0,3% во месец мај и дека најголем „виновник“ за овој пораст е кралската венчавка на принцот Хари и Меган Маркл.
Во трите месеци заклучно со мај оваа година, стопанството на Велика Британија порасна за 0,2% во споредба со претходниот период од три месеци.
Новите податоци покажуваат дека домашното стопанство на Велика Британија пораснала благодарение на зголемената активност на секторот кој нуди услуги, трговскиот сектор и угостителскиот сектор. Мал пад беше забележан во секторот на индустриските гранки и градежната индустрија, но сепак порастот беше поголем отколку падот.
„Секторот за услуги порасна во текот на месец мај а локалните трговци, предводени од ланците на супермаркети навистина го подигнаа стопанството, најмногу благодарение на туриститите и локалците кои се подготвуваа за кралската свадба“, вели директорот на Националното биро за статистика, Роб Кент-Смит.
По лошите временски услови во февруари и март, кога британската економија беше во пад поради недостатокот од туристи, кралската венчавка и доброто време дојдоа како еден-два победа за Велика Британија.
Како статистичарите дојдоа до оваа пресметка?
Ова е нов пристап на Националното биро на статистика и отсега тие ќе прават едномесечни и тримесечни анализи на економската ситуација на Велика Британија. Според нив, ваквите пресметки ќе понудат повеќе информации и подетални статистики за економијата.
Владата на Велика Британија вели дека се обезбедени дополнителни средства за надградба на системите за да може да бидат соберени повеќе информации за помалку време. Она што е најважно е дека секторот за услуги, кој е одговорен за повеќе од 80% од британското стопанство, сега ќе биде анализиран двојно побрзо од било кога претходно.