Ако сакате да имате убава, негувана коса, важно е да знаете колку често треба да ги кратите краевите. Еве што ве советуваат фризерите.
Во зависност од оштетеноста на вашата коса- колку често ја фенирате, фарбате, користите пегла за коса и слично, времето помеѓу шишање може да варира.
Ако сакате само да ги обновите оштетените краеви, доволно е да се шишате еднаш во три месеци. Дури ако имате јака и здрава коса, не треба да чекате да поминат повеќе од 12 недели за да се шишате затоа што вашата коса ќе изгледа неуредно.
Доколку имате кратка коса, тогаш задолжително е да се шишате на секои три недели.
Доколку ја сакате вашата долга коса и сте задоволни со должината што ја имате, тогаш треба да знаете дека косата расте до центиметар месечно. Во тој случај, доволно да го посетите вашиот фризер еднаш во два месеци.