Кратка приказна за комунистот што играше за клуб со навивачи фашисти

Дека фудбалот е повеќе од само една обична игра говори и приказната за Хуан Себастиан Верон и неговата преписка со навивачите на Лацио.

Зимата 1996 година Верон заигра за Бока Жуниорс заедно со Диего Марадона, откако пристигна од неговиот матичен клуб Естудиантес. Добрите игри го направија репрезентативец дебитирајќи истата година, по што следувваше повик од Свен Јоран Ериксон, кој тогаш беше на клупата на Сампдорија. Оттаму во 1998 премина во Парма и веднаш се закити со Копа Италија и УЕФА купот. Не можеше повеќе да седи во Парма бидејќи Ериксон сега беше во Лацио и по секоја цена го посакуваше својот аргентински бисер.

Кога Верон пристигна во Лацио летото 1999 годиона, имаше тетоважа на Че Гевара на десната рака, иста како Марадона, само помала. Голема грешка среде толпа што поздравува со римскиот поздрав, негативно популаризиран од Хитлер и Мусолини.

Одлуката на навивачите на Лацио беше јасна: „Или отстрани ја тетоважата или сокриј ја, не само за време на натпреварите, туку дури и на тренинзите“.

Тогаш 24-годишниот Аргентинец немаше голем избор под заканите на навивачите, познати по нивната фашистичка идеологија. Одлучи да ја прифати одлуката да ја крие тетоважата... натпревар по натпревар, тренинг по тренинг... додека не стана маестро на тимот.

Во последното коло… и по дождот во Перуџа… Лацио стана шампион во Серија А за серзоната 1999/2000, практично првата сезона со Верон во тимот.

Неколку дена подоцна, неколку фанови го начекаа Верон на паркингот…

- Дали сѐ уште ја имаш тетоважата?
- Да, зошто?
- Сакаме да ја видиме.
Верон го крена дресот... и по неколку секунди фановите ја бакнаа тетоважата и рекоа:
- Во ред, Верон, ти простуваме.

Така неколку фашисти го прифатија Че Гевара... Неверојатно! Тоа е само игра... Така велат...

Кога Ериксон во 2001 година замина од Лацио за да стане селектор на Англија, замина и Верон, во Манчестер Јунајтед. Потоа играше и за Челси, Интер, Брандсен и на крај во матичниот Естудиантес.

За Аргентина одигра 72 натпревара и постигна 9 голови, настапувајќи на Мундијалите 1998, 2002 и 2010.

реклама

Фудбал

Серија А ги одложи саботните натпревари поради погребот на папата Франциск

Read more

Реал без Мбапе против Хетафе, неизвесен е и за финалето на Копа дел Реј

Read more

Судиска анализа на ФФМ: Голот на Вардар е регуларен, на Силекс не е

Read more

УЕФА подели 233 милиони евра – македонските клубови добија трошки

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ го напушта Милано?

Читај повеќе

Серија А ги одложи саботните натпревари поради погребот на папата Франциск

Читај повеќе

Реал без Мбапе против Хетафе, неизвесен е и за финалето на Копа дел Реј

Читај повеќе
  • play_arrow

Судиска анализа на ФФМ: Голот на Вардар е регуларен, на Силекс не е

Читај повеќе

УЕФА подели 233 милиони евра – македонските клубови добија трошки

Читај повеќе
  • play_arrow

Бизарна врска: Клупската членска цело време го криела времето на смртта на папата?

Читај повеќе

Каква улога ќе има Модриќ во Свонси?

Читај повеќе

Marca: Ал Наср подготвува тим од соништата

Читај повеќе

Барселона без Левандовски против Реал и Интер?

Читај повеќе