Кратка приказна за животот и делото на Сандро Ботичели

За време на XV век по улиците во Фиренца заедно со другите познати уметници шетал и Сандро Ботичели.

Роден бил како Алесандро ди Мариано ди Вани Филипепи во Фиренца во 1445 година, а многу рано во својот живот го добил надимакот Ботичели. Денеска не се знае точно зошто и како го заслужил овој прекар, но во историјата ќе остане запаметен токму по него – а не по неговото семејно презиме. Од друга страна, не се знае многу ниту за неговите први уметнички чекори, па се шпекулира многу. Најверојатно неговите соседи, угледното семејство Веспучи - на кое му припаѓал и познатиот морепловец Америго - го забележале и му го препорачале на познатиот сликар Филипо Липи.

Набргу по пристигнувањето во својата работилница во блискиот Прато, младиот Сандро ги создал своите први ремек-дела, неколку верзии на „Богородица и дете“ и „Портрет на млад човек“. Но, кога Филипо решил да се пресели во Сполето, Сандро ѝ се приклучил на работилницата на Андреа дел Верокио, во која биле вклучени некои од најголемите уметници од таа ера.

Пролет
Во служба на фамилијата Медичи

До почетокот на 70-тите години на XV век, Ботичели веќе станал познат. Ова му овозможило да отвори независна работилница и да стане еден од уметниците кои се нашле под заштита на семејството Медичи, моќно банкарско семејство кое околу себе собирало угледни и учени луѓе и ја финансирало нивната креативност.

Во тој момент најпопуларна филозофија била неоплатонизмот, затоа и Ботичели го прифатил правецот кон кој ја „душата кон Бога ја водеше интелектот и љубовта“. Најголемата посветеност на овој концепт се гледа во неговите дела засновани на митологијата: „Пролет“, „Венера и Марс“, „Раѓањето на Венера“ и „Минерва и кентаурот“.

Раѓањето на Венера

Меѓутоа, со смртта на Лоренцо Величествениот во 1492 година, завршил првиот период на ренесансата. Само неколку месеци по овој настан, Фиренца била нападната од Французите, а Медичи биле протерани од градот. Паралелно со политичкиот пресврт, се случил и културен, проповедникот Џироламо Савонарола бил нејзин водач кој се залагал за фундаменталистичко христијанство. Ботичели успеал да се прилагоди на оваа промена и станал сликар на дела кои се занимаваат со религиозни теми и критики на режимот на Медичи.

Венера и Марс

За неговиот приватен живот не се знае многу, освен што често велел дека идејата за брак му создава кошмари. Многу од неговите современици го поврзале ова со наводната невозвратена љубов на благородничката Симонета Веспучи, за која се верува дека служела како модел за „Раѓањето на Венера“. Разговорот бил поттикнат од изјавата на Ботичели дека кога ќе умре, сака да биде погребан до неа, што и се случило во мај 1510 година.

Уметник кој не сакал да патува

Пријателите на Сандро тврделе дека не сака многу да патува, а забележано е дека тоа го направил само неколку пати, вклучувајќи патување во Рим на покана на папата Сикст IV, кој побарал од него да наслика делови од Систинската капела.

Се вметнал во една слика

За тоа како изгледал Сандро Ботичели денес знаеме благодарение на едно негово дело, во кое се насликал и самиот себеси. Станува збор за делото „Обожување на Мудреците“ за кое се претпоставува дека е направено во 1476 година. Ботичели на оваа слика се наоѓа во крајниот десен дел, во портокалова туника и гледа кон сликарот.

Обожување на Мудреците
реклама

Вести

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе