Краток преглед на поважните настани во 2018 година

Скопје, 28 декември 2018 (МИА) – Во текот на годината која изминува, светот се соочи со голем број терористички напади, природни катастрофи, разрешувања и назначувања, избори и протести, договори и преговори. Во продолжение преглед на поважните настани за кои информираше МИА.

1 јануари –  Калифорнија стана најголемата американска држава која легализираше канабис за рекреативна употреба.

1 јануари – Иницијативата за 300 холивудски жени наречена “Time’s Up” објави дека ќе се бори против сексуалното вознемирување

2 јануари –  СЗО соопшти дека ќе ја класифицира зависноста од игри како ментална здравствена состојба во следната Класификација на болестите.

5 јануари –  Северна Кореја ја прифати поканата од Јужна Кореа за разговори на високо ниво.

6 jануари – Напаѓач во Сенегал уби 13 луѓе и рани 11. Мотивот уште не e познат.

7 јануари – Во Сиднеј, Австралија измерен најтоплиот ден во последните 80 години, со температура од 47,3 степени

8 jануари – 83 луѓе загинаа во меѓуетнички судири во Нигерија поради користење земјиште за стока.

9 јануари – Првите истополови бракови се склучија во Австралија.

9 jануари  – 3.700 луѓе приведени во Иран за време на автивладини протести.

10 јануари – Џеф Безос стана вториот човек со богатство од над 100 милијарди долари, кога неговото богатство достигна 106 милијарди долари поради порастот на цената на акциите на Amazon.

15 јануари – Премиерот од редовите на романската Социјалдемократска партија (ПСД), Михаи Тудосе, поднесе оставка по седум месеци на функцијата.

21 jануари  – Турската армија почнува со воздушни напади врз курдска милиција во Сирија. САД ја поддржуваат курдската милиција.

23 jануари – Уапсен генерал Сами Анан, еден од претседателските кандидати во Египет.

24 јануари – Американскиот претседателот Доналд Трамп ги повлече САД од Транс-атлантското партнерство.

27 јануари – Бомба поставена во амбуланта уби над 100 лица во Кабул, Талибанците ја презедоа одговорноста.

27 jануари  – 800 мигранти се спасени во Медитеранот.Спасувачката акција ја извршија италијански тимови.

30 jануари  – Објавени проценки дека околу 60.000 деца во Сееврна Кореја се соочени со глад поради санкциите.

30 jануари  – До тој датум во Саудиска Арабија се запленети 100 милијарди долари во антикорупциска акција што почна неколку месеци претходно.

31 jануари – Најавено од Пјонгјанг дека на 8 февруари, ден пред ЗОИ Северна Кореја ќе изврши парада со проектили од голем дострел.

31 jануари – Британската влада соопшти дека ќе му  предаде извештај за брекзит на Парламентот. Во извештајот кој протече во јавноста, се наведува колку брегзит би можел да биде штетен за економијата. Извештајот не требаше да биде објавен, а неговото објавување создаде поделба во владата.

1 февруари- Објавено дека Фидел Кастро Дијаз Баларт, син на Фидел Кастро извршил самоубиство. Имаше 68 години и бил лекуван од депресија. Тоа беше најстариот син на Фидел.

6 февруари – Компанијата на Елон Маск, Спејс Икс ја лансираше најмоќната ракета во светот, Фалкон Хеви (Falcon Heavy).

6 февруари – Полскиот претседател Анджеј Дуда го потпиша контроверзниот закон за Холокаустот, критичарите ги обвинуваат Полјаците за соучесништво под нацистите.

9 февруари – Ким Џонг Ун го повикува јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин на средба во Пјонгјанг.

9 Февруари – Отворање на 21. Зимски олимписки игри во Пјеонгчанг, Јужна Кореја.

11 февруари – Руски авион се урна југоисточно од Москва, при што загинаа сите 71 лице.

14 февруари – Претседателот на Јужноафриканската Република Јакоб Зума поднесе оставка.

15 февруари – Прв познат случај на доење од страна на  трансродова жена.

15 февруари -Неочекувана оставка на етиопскиот премиер Хаилемариам Десалегн.

16 февруари – Еден ден по оставката на етиопскиот премиер државата влегува во вонредна состојба што трае 6 месеци.

20 февруари- Венецуела стана првата земја што лансираше виртуелна валута, „Петро“, ​​за да спречи финансиска криза.

20 февруари – Објавено дека 250 луѓе загинале во судири во сирискиот град Гута. Тоа е највисока бројка на загинати во Сирија за 48 часа од 2013 година.

21 февруари – Боко Харам напаѓа училиште во Нигерија, киднапираат голем дел од учениците. За време на спасувачката мисија, 76 девојчиња сесапсени, две се убиени и други 100 се уште се исчезнати.

23 февруари – Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека во мај ќе биде преместена Амабасадата од Тел Авив во Ерусалим.

26 февруари – Земјотрес со јачина од 7,5 степени во централниот дел на Папуа Нова Гвинеја уби најмалку 100 лица.

1 март – Владимир Путин во своето годишно обраќање до нацијата рече дека Русија има „непобедлива” интерконтинентална крстосувачка ракета.

1 март – Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека ќе наметне царини од 25 отсто за челик и 10 отсто алуминиум.

4 март – Доделување на филмските награди Оскар: Најдобар филм „The Shape of Water“ најдобар режисер Гиљермо дел Торо, најдобар актер Гери Олдман, најдобра актерка Френс Мекдорманд.

4 март – Резултатите од општите избори во Италија -популистичкото „Движење пет ѕвезди“ освои најголем број гласови.

4 март – Поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија Скрипал се отруени со нервен агенс во Солсбери, Англија

5 март – Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се сретна со јужнокорејски официјални претставници, првпат по преземањето на функцијата.

6 март – Според Forbes, основачот на Amazon, Џеф Безос е  најбогат човек во светот со 112 милијарди долари, Бил Гејтс падна на второ место.

6 Март  – Руски воен авион се урна во Сирија, Сите 38 патници во него загинаа. Причина е – дефект при управувањето.

8 март – Претседателот на САД Доналд Трамп одобри повисоки царини за челик и алуминиум, освен за Канада и Мексико

10 март –  Хуберт де Живанши, француски моден дизајнер и основач на Givenchy почина на возраст од 91 година.

11 март – Националниот народен конгрес на Кина го укина времетраењето за лидер на земјата, со што му дозволи на претседателот Чи Џинпингбдоживотно да остане на таа функција.

13 март –  Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон е разрешен преку твит порака на Трамп.

14 март – Велика Британија соопшти дека ќе протера 23 руски дипломати откако со нервен агенс беа затруени таткото и ќерката Скрипал.

14 март – Студија на НАСА откри дека Скот Кели, по една година во вселената, веќе не е идентичен со неговиот брат близнак, при што седум отсто од гените му се смениле.

14 март – Светскиот извештај за среќата ја прогласи Финска за најсреќна земја во светот,  Бурунди најнесреќна.

14 март – Ангела Меркел положи заклетва за четврти мандат како германски канцелар.

14 март – На 76-годишна возраст почина Стивен Хокинс, англиски физичар.

14 март – Лондон протерува 23 руски дипломати по обидот за убиство на Сергеј Скрипал и неговата ќерка.

15 март – Премиерот на Словачка, Роберт Фицо, поднесе оставка поради кризата по убиството на новинарот Јан Куцијак, кој ги истражуваше  врските со мафијата.

18 март-  Владимир Путин е избран за нов шестгодишен мандат како претседател на Русија со 76 отсто од гласовите, негов четврт мандат.

18 март – Американскиот сенатор Ејми Клобучар го повика Марк Зaкерберг да сведочи пред Комисијата за правда при Сенатот, по скандалот со споделување податоци со Cambridge Analytica.

21 март – Марк Зукерберг призна дека Facebook „направил грешки” откако беше објавено дека податоците за 50 милиони корисници се собрани од Cambridge Analytica.

21 март – 3.000 затвореници во Зимбабве амнестирани, најголем дел од нив жени.

21 март – 104 од 110 киднапирани девојки во Нигерија се ослободени. Властите соопштија дека не е платена откупнина за нов.

22 март – Американскиот претседател Доналд Трамп воведе тарифи за кинески увоз во вредност од 60 милијарди долари.

23 март- Заложничка ситуација во францускиот град Требес. Три лица беа убиени и две ранети. ИД презеде одговорност за нападот.

24 март – Десетици илјадници луѓе присуствуваа на митинзите „Марш за нашите животи” што се одржаа во Вашингтон и ширум светот, во знак на протест против насилството со оружје.

25 март – Во пожар во трговски центар во сибирскиот град Кемерово, Русија, загинаа најмалку 64 лица, најголемиот дел деца.

25 март – Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун замина во ненајавено патување во Пекинг со воз за да се сретне со кинескиот претседател Чи Џинпинг.

26 март – САД, ЕУ и Украина протеруваат повеќе од 100 руски дипломати како одговор на руската употреба на нервен гас во Велика Британија.

26 март – Порно ѕвездата Сторми Даниелс тврди дека имала афера со Доналд Трамп, а подоцна и било платено за да молчи.

28 март – Најмалку 68 лица загинаа во пожар предизвикан од немирите во затворoт во седиштето на државната полиција во Карабобо, Венецуела.

30 март – Русија како одговор протерува дипломати од Италија, Шведска, Полска, Литванија и Германија.

7 април – Во напад со врз Дума, изведен од страна на сириската владина воздухопловна единица загинаа повеќе од 40 лица, а повредени повеќе од 500.

8 април -Парламентарните избори во Унгарија, победеник од десноориентираниот Фидес-КДНП. Виктор Орбан останува премиер.

10 април – Извршниот директор на Фејсбук Марк Зукерберг почна да сведочи пред Конгресот на САД за користењето на податоците и безбедноста на социјалната мрежа.

11 април – Околу 500 луѓе се со последици најверојатно од хемиски напад што се случил пред неколку дена во Сирија.

13 април – На 86 години почина Милош Форман, чешко-американски режисер.

16 април – Медицински сестри во Зимбабве почнуваат штрајк. На 18 април повеќе од 10.000 од нив се отпуштени од работа поради штрајкот.

19 април – Мигел Дијаз-Канел е избран за нов претседател на Куба откако се повлече Раул Кастро.

20 април – Државите од Комонвелтот одлучија дека принцот Чарлс ќе ја наследи кралицата Елизабета како следен шеф на Комонвелтот.

20 април – Северна Кореја соопшти за прекин на нуклеарните проби во пресрет на самит со Јужна Кореја и САД.

20 април – Кралот Мсвати Трети од Свазиленд го смени името на Свазиленд во еСватини, или „земја на Свати”.

23 април – Ерменскиот претседател Серж Саргсјан поднесе оставка по 10 години на власт поради масовните протести против него.

24 април – Американскиот претседател Доналд Трамп ја приреди својата прва државна вечера за посетата на францускиот претседател Емануел Макрон.

25 април – Соопштено е дека речиси три милиони деца не одат на часови во Венецуела поради затворање на училишта.

26 април – Комичарот Бил Козби прогласен за виновен за сексуален напад во Пенсилванија.

27 април – Историски корејски самит, Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун и Мун Џае-ин од Јужна Кореја се согласија официјално да ја стават крај Корејската војна и да се ослободат од нуклеарното оружје на полуостровот.

2 мај – Шпанската баскиска сепаратистичка група Ета објави дека и  формално ќе се расформира по 50 години.

3 мај – Членовите на Академијата  за филмски уметноста и наука гласа за исклучување на Бил Козби и Роман Полански.

4 мај – Калифорнија го презеде од Велика Британија петото место како најголема економија во светот.

7 мај – Владимир Путин положи заклетва како руски претседател уште шест години.

8 мај – Претседателот Доналд Трамп најави повлекување на САД од мултилатералниот нуклеарен договор.

8 мај – Епидемија на ебола прогласена во Демократска Република Конго со два потврдени случаи и 17 смртни случаи.

9 мај – Историска победа на малезиските општи избори од страна на опозициската коалиција Пакатан Харапан, предводена од поранешниот премиер д-р Махатир бин Мохамад, победувајќи го премиерот Наџиб Разак и завршувајќи го периодот од 61 година од владеењето на коалицијата.

10 мај – Кина ги најави плановите за најголемиот механизам за контрола на времето во светот, машини за индуцирање дожд за тибетското плато (површина со големина на Алјаска).

10 мај – Махатир Мохамад положи заклетва како седми премиер на Малезија, и стана најстариот лидер во светот на 92 години.

12 мај – На Песна на Евровизија победи Нета од Израел.

15 мај – 58 Палестинци се убиени од израелските сили, а 1.700 се хоспитализирани по немирите на границата во Газа, до кои дојде на протестите против отворањето на американската амбасада во Ерусалим и 70-годишнината од формирањето на Израел.

18 мај – Пукање во средното училиште Санта Фе: 17-годишен стрелец уби 10 и повредил 10 во Санта Фе, Тексас.

19 мај – Американската актерка Меган Маркл се омажи за принцот Хари на церемонијата во замокот Виндзор, со што стана членка на британското кралско семејство.

20 мај – Николас Мадуро го освои вториот мандат на изборите за претседател на од Венецуела.

22 мај – Извршниот директор на Фејсбук Марк Зукерберг е испрашуван од членовите на Европскиот парламент во Брисел, по безбедносниот скандал со Cambridge Analytica.

24 мај – Американскиот претседател Доналд Трамп го откажа самитот со Северна и Јужна Кореја поради непријателските изјави од Северна Кореја.

25 мај – Харви Вајнстајн се предаде во полиција во Њујорк за да се соочи со обвиненија за силување.

31 мај – Американската армија соопшти за тајна средба на талибанци и авганистански сили за договор за прекин на огнот.

1 јуни –  Шпанскиот премиер Маријано Рахој ја напушти функцијата по гласањето недоверба во Парламентот, поднесено од водачот на социјалистите, Педро Санчез.

2 јуни – Социјалистот Педро Санчез положи свечена заклетва како шпански премиер.

3 јуни – Мртови кит пронајден со 80 парчиња пластика во стомакот во Тајланд.

5 јуни – Харви Вајнстајн се изјасни за невин по обвиненијата за силување и сексуално малтретирање во судот во Њујорк.

11 јуни – Шпанскиот премиер Педро Санчез го прифати бродот за спасување на мигранти „Аквариус“ со 629 лица, откако Италија го одби.

12 јуни – Самит во Сингапур меѓу лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-Ун и американскиот претседател Доналд Трамп.

14 јуни Отворање на Светското првенство во фудбал на стадионот Лужники во Москва, каде настапија британскиот пејач Роби Вилијамс и руската сопранистка Аида Гарифулина.

18 јуни – Претседателот Трамп и наложи на американската војска да воспостави шеста гранка на војската – вселенски сили.

20 јуни – Американскиот амбасадор Ники Хејли соопшти дека САД го напуштаат Советот за човекови права на ОН.

20 јуни – Унгарската Влада ја усвои легислативата со која  се криминализира помошта на недокументираните мигранти.

21 јуни – ЕУ наметна тарифи за американски стоки во вредност од 3,2 милијарди долари како одговор на тарифите на САД.

22 јуни – Земјите од еврозоната го договорија олеснување на долгот за Грција, сигнализирајќи крај на економската криза во земјата.

23 јуни – Претседателот на Зимбабве, Емерсон Монанггава, преживеа обид за атентат. Во експлозија на предизборен митинг во Булавајо, Зимбабве убиени две лица и повредени речиси 50.

24 јуни – Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го освои вториот мандат, освојувајќи 42 отсто од гласовите.

25 јуни – Генерален штрајк во Аргентина како одговор на мерките за штедење што се бараат од ММФ.

26 јуни – Индија е прогласена за земја каде е најопасно да се биде жена поради сексуално насилство и принудниот труд.

1 јули –  Општи избори во Мексико: Андрес Мануел Лопез Обрадор избран за претседател на Мексико.

5 јули – Топлотен бран во јужниот дел на Квебек, Канада, починаа 33 лица.

6 јули – Поплави и лизгање на земјиштето во југозападна Јапонија, при што загинаа најмалку 200 лица. Евакуирани речиси два милиони лица.

8 јули – Четири момчиња се првите што се  спасени по 16 дена минати во пештерата Там Луанг, Тајланд.

8 јули – Британскиот министер за Брегзит Дејвид Дејвис поднесе оставка поради помеката политика за Брегзит на премиерката Тереза ​​Меј.

9 јули – Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон поднесе оставка откако Тереза ​​Меј зазеде помек став кон Брегзит.

9 јули – Џереми Хант избран за министер за надворешни работи на Велика Британија по оставката на Борис Џонсон.

10 јули – Последните четири момчиња и нивниот тренер се спасени од пештерата Там Луанг во Тајланд откако беа заробени таму 18 дена поради монсунските дождови и поплави.

13 јули – Министерството за правда на САД обвини 12 руски разузнавачи за сајбер-напади против демократските претставници за време на американските избори во 2016 година.

14 јули – Повеќе од 300 луѓе загинаа во протестите против владата на претседателот Даниел Ортега во Никарагва.

14 јули – Бројот на цивили кои загинаа во војната во Авганистан достигна рекордно високо ниво со 1.692 убиени во првите шест месеци од 2018 година, тврди ОН.

14 јули – Рускиот таен агент Марија Бутина уапсена од ФБИ во Вашингтон. Таа е обвинета дека е нерегистриран странски агент.

15 јули – Куба официјално ќе признае приватна сопственост со новиот устав.

18 јули – Гугл казнет со рекордни 5,1 милијарда долари од ЕУ поради злоупотреба на својата моќ на пазарот на мобилни телефони.

18 јули – Турција прогласи крај на двегодишната вонредна состојба.

23 јули – Меѓународниот монетарен фонд предвидува инфлација од еден милион проценти во Венецуела до крајот на 2018 година.

24 јули – Шумски пожари во близина на Атина, Грција, убија 91 лице, а 104 повредени. Над 600 лица се спасени  со чамци од брегот.

25 јули – Во повеќекратни самоубиствени напади во Сирија, загинаа повеќе од 200. Одговорност презеде терористичката „Исламска држава“.

31 јули – Ријана стана првата црна жена која се појави на насловната страница на септемвриското издание на британското списание „Вог“ (Vogue).

2 август – Папата Френциско изјави дека смртната казна е неприфатлива во сите случаи, спротивно на досегашните црковните учења.

4 август – Претседателот на Венецуела Николас Мадуро преживеа обид за атентат со дрон.

5 август – Земјотрес од 6,9 степени степени го погоди островот Ломбок, Индонезија, при што загинаа најмалку 460 лица.

6 август – Државниот авиопревозник на Саудиска Арабија ги прекина директните летови до Торонто и го протера канадскиот амбасадор откако Канада повика на ослободување на притворени активисти за граѓански и женски права.

7 август – Кина го забрани филмот за мечето Вини Пу, поради потсмевот на социјалните мрежи дека тој лик потсетува на кинескиот претседател Си Џинпинг.

8 август – Стејт департментот воведе нови санкции за Русија поради нападот со нервен агенс во Велика Британија.

9 август – Сенатот на Аргентина го отфрли предлог-законот за легализирање на абортусот во првите 14 недели.

10 август – Доказ дека еден милион Ујгури се чуваат во „центри за екстремизам” во Кина презентирани пред Комитетот на ОН за човекови права.

10 август – Анти-владини протести започнаа во Букурешт, Романија, со над 400 повредени во судирите со полицијата.

10 август – Турската лира драматично ја намали вредноста откако американскиот претседател Трамп објави зголемување на царините за турски челик и алуминиум.

14 август – Се проценува дека од 2015 година, 2,3 милиони Венецуелци ја напуштиле земјата погодена од економска криза, соопшти ОН.

14 август – Се урна мостот Моранди во Џенова, повлекувајќи 30 возила, при што загинаа 43 лица.

16 август – Скарлет Јохансон е најдобро платена актерка во светот, со заработувачка од 40,5 милиони долари, покажуваат податоците на Forbes.

16 август – Британска Колумбија, Канада, прогласи Државна вонредна состојба со 566 пожари, што предизвика евакуација на 3.000 лица.

16 август Од рак на панкреасот, на 76 години почина Арета Френклин, американска пејачка и текстописец позната како „кралица на соулот“.

18 август Почина Кофи Анан, дипломат од Гана и седми генерален секретар на Обединетите нации (1997-2006).

19 август – Запреа монсунските дождови во државата Керала, Индија, кои предизвикаа поплави во кои загинаа 350 лица.

20 август – Бројот на регистрирани случаи на сипаници достигна рекордно високо ниво во Европа со 41.000 заразени во првите шест месеци од 2018 година, од кои 37 смртни случаи, според СЗО.

21 август – Пол Манафорт, поранешен претседател на кампањата во Трамп, е осуден по осум точки за измама во федералниот суд во Александрија, Вирџинија.

21 август – Замрзната вода по првпат е откриена на Месечината.

22 август – Форбс соопшти дека Џорџ Клуни заработил повеќе пари за една година (239 милиони долари) од кој и да е актер досега.

25 август – На 81-годишна возраст почина Џон Мекејн, американски воен херој и републикански политичар.

26 август – Емерсон Монанггава положи свечена заклетва како претседател на Зимбабве.

26 август – Австралиската министерка за надворешни работи Џули Бишоп поднесе оставка откако го загуби лидерската трка во Либералната партија.

27 август – ОН објави извештај, во кој се тврди дека воените лидери на Мјанмар треба да се соочат со обвиненија за геноцид и злосторства против човештвото поради насилството над Рохинџите.

28 август – Порторико го зголеми официјалниот број на загинати од ураганот Марија во 2017 од 64 на 2.975 лица.

29 август – Поранешниот шкотски прв министер Алекс Салмонд поднесе оставка од Шкотската национална партија поради обвиненија за сексуална злоупотреба.

30 август – Централната банка на Аргентина ги зголеми каматните стапки на 60 отсто во обид да го стабилизира песото.

3 септември – Во голем пожар во Бразил е уништен Националниот музеј. Протести избувнаа потоа против владина политика за намалени средства за одржување на тој објект.

5 септември – Премиерката на Велика Британија, Тереза ​​Меј, потврди во Парламентот дека двајца руски офицери на воената разузнавачка служба го извеле нападот со „Новичок“ во Солсбери.

6 септември – Индискиот Врховен суд го легализираше хомосексуалниот секс.

6 септември – Од срцев удар, на 82 години почина Бaрт Рејнолдс, американски актер.

8 септември – Египет осуди повеќе од 700 лица, вклучувајќи и 75 смртни казни за членови на Муслиманско братство.

9 септември – Парламентарни избори во Шведска: ниту една партија не доби мнозинство, екстремно десничарските демократи од Шведска во подем.

10 септември – Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш повика на итна конференција за климатски промени, велејќи дека „климатските промени се движат побрзо отколку луѓето”.

10 септември – Калифорнија го усвои законот за да се посвети на извори на енергија без јаглерод до 2045 година.

11 септември – Бразилски екс-претседател Луиз Инацио Лула да Силва ја напушти претседателската кампања.

11 септември – Во самоубиствен бомбашки напад во провинцијата Нангархар, Авганистан, загинаа 68 лица, а повредени се 165.

12 септември – Повеќе од 3.600 деца пријавиле малтретирање од страна на католички свештеници во Германија (1946-2014).

12 септември – Европскиот парламент изгласа гласаше за дисциплинска акција против Унгарија поради антидемократско однесување.

13 септември – Исламистичкиот екстремизам од 121 група предизвикал 84.000 смртни случаи во 2017 година, според извештајот на Глобалниот екстремистички монитор, презентиран од Тони Блер.

13 септември – Шпанскиот парламент гласаше за ексхумирање на поранешниот диктатор Франциско Франко од Долината на паднатите.

14 септември – Поранешниот шеф на кампањата на Трамп, Пол Манафорт, се изјасни за виновен по обвинение за заговор и се согласи да соработува со владините истраги.

16 септември – Американскиот кандидат за Врховен суд Брет Кавано обвинет за сексуален напад во 1980-тите, објави The Washington Post.

17 септември – Во поплавите во Нигерија загинаа повеќе од 100 луѓе.

17 септември – Игли, намерно скриени во јагоди во Австралија, ја поттикнаа Владата да нареди истрага.

17 септември – Во ураганот „Флоренс“ загинаа 23 лица, а 900 имаа потреба од спасување.

18 септември – Кина објави нови тарифи за за американскиот увоз во вредност од 60 милијарди долари, еден ден откако САД наметнуваат нови тарифи за кинески стоки во вредност од 200 милијарди долари.

18 септември – Амнести интернешенел соопшти дека 400 цивили загинале во конфликти меѓу камерунските војници и сепаратистите со англофонско потекло во 2018 година.

20 септември – Лидерите на ЕУ го критикуваа планот за Брегзит на Тереза ​​Меј на самитот во Салцбург, Австрија.

22 септември – Напаѓач усмрти најмалку 24 лица за време на воена парада во Иран. Се уште се води истрага за нападот.

23 септември – Индискиот премиер Нарендра Моди објави „Модикер”, бесплатна здравствена заштита за 500 милиони, што е најголемата светска здравствена програма.

24 септември – Ебола вирусот предизвика 69 смртни случаи и 150 заболени лица, според Министерството за здравство во Демократска Република Конго.

25 септември – Комичарот Бил Козби е осуден на затворска казна во траење од три до до 10 години за сексуален напад, извршен во 2004 година.

25 септември – Американскиот претседател Доналд Трамп го критикуваше глобализмот и Иран при обраќањето во Генералното собрание на ОН.

25 септември – Шведскиот премиер Стефан Ловен го изгуби гласањето за доверба.

28 септември – Земјотрес со јачина од 7,5 степени го погоди островот Сулавеси, Индонезија, што предизвика цунами кое ги погоди градовите Донгала и Палу, најмалку 1.649 лица загинаа.

1 октомври – Нобеловата награда за медицина доделена на Џејмс Алисон и Тасуку Хонџо за иновации во третманот на канцерогени болести.

1 октомври – Нов трговски договорп омеѓу САД, Канада и Мексико наместо НАФТА.

2 октомври – Саудискиот американски новинар Џамал ​​Кашоги влегува во саудискиот конзулат во Истанбул, од каде никогаш не излезе, што предизвика дипломатска криза.

3 октомври – Од 2011 година досега починале 259 лица во момент кога правеле селфи фотографија, покажува студија.

5 октомври – Бројот на невработени во САД достигна најниско ниво од 1969 година – 3,7 отсто, според Министерството за труд.

6 октомври – Брет Кавано е потврден и положи свечена заклетва како врховниот судија.

6 октомври – Цистерна што пренесувала нафта се удри со возило во ДР Конго при што загинаа 50 луѓе и повредени се најмалку 100.

7 октомври – Романскиот референдум за забрана за истополов брак не успеа, со одзив од само 20,4 отсто на гласачите.

8 октомври – Главен извештај за климата, изработен од страна на Меѓувладиниот панел за климатски промени за ОН вели дека планетата ќе загрее за 1,5 степени Целзиусови.

9 октомври – Амбасадорката на САД во Обединетите нации Ники Хејли најави оставка до крајот од годината.

10 октомври – Ураганот „Мајкл” пристигна во близина на Мексико Бич, Флорида, како ураган од категоријата 4 со ветер од 250 км / ч, при што ќе загинат 27 лица и ќе 15 луѓе во Централна Америка.

10 октомври – Во поплавите во Франција загинаа најмалку 10 лица.

15 октомври – Пол Ален, американски бизнис магнат (ко-основач на Microsoft, сопственик на „Портланд Треил Блејзерс”, Сиетл Сихокс), почина на возраст од 65 години.

15 октомври – Карван до 4.000 мигранти од Централна Америка, кој тргна од Хондурас, пристигна до Гватемала и се движи кон Мексико и САД.

15 октомври – Непотврдени извештаи наведуваат дека Саудиска Арабија ќе признае дека исчезнатиот новинар Џамал Кашоги е убиен за време на акција на раззузнавањето која излегла од контрола. Кашоги последен пат беше виден како влегува во Конзулатот во Истанбул на 2 Октомври.

16 октомври – Саудискиот престолонаследник Мохамед Бин Салман негира дека знаел за смртта на новинарот Џамал ​​Кашоги, тврди Трамп.

17 октомври – Канада ја легализира продажбата на канабис за рекреативни цели, втора земја по Уругвај.

17 октомври – Студент пукаше и детонираше бомба при што загинаа 20 лица, а 40 беа повредени во политехничкиот колеџ во Керч, Крим.

20 октомври – Трамп се закани дека ќе ги повлече САД од договорот за контрола на оружјето со Русија, бидејќи Русија ги прекршила условите.

22 октомври – Австралискиот премиер Скот Морисон јавно се извини на жртвите на сексуална злоупотреба на деца во институциите.

22 октомври – Соопштено е дека маж кој стои зад убиството на Кашоги добил наредби преку Скајп. Кашоги беше убиен во Турција откако влегол на 2 октомври во саудискиот Конзулат во Истанбул. Сторијата за убиството неколкупати е изменета.

23 октомври – Најдолгиот мост во светот, мостот во Хонг Конг, Макао Жухаи, долг 55 километри, отворен од страна на кинескиот претседател Чи Џинпинг.

23 октомври – Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го отфрли саудиското тврдење дека новинарот Џамал ​​Кашоги бил убиен случајно, вели дека тоа било убиство со намера.

23 октомври – Европската комисија го отфрли буџетот на Италија.

24 октомври – ЕУ донесе одлука за забрана на пластика за еднократна употреба до 2021 година.

28 октомври – Мајкл Д. Хигинс е реизбран за претседател на Ирска.

29 октомври – Германската канцеларка Ангела Меркел објави дека нема да се кандидира во 2021 година и се повлече од функцијата лидер на партијата.

29 октомври – Во бура во Италија загинаа најмалку 11 лица, над 75 отсто од Венеција поплавени.

30 октомври – Пентагон испраќа 5.200 војници на мексиканска граница пред пристигнувањето миграциски карван од Централна Америка.

1 ноември – Палау станува првата земја што забрани употреба на креми за заштита од сонце и нејзините хемикалии кои ги избелуваат коралните гребени.

4 ноември – Бројот на жртвите од неделната бура во Италија се искачи на 29.

6 ноември – Повеќе од 200 масовни гробници со илјадници жртви на терористичката „Исламска држава“ откриени во области кое претходно беа контролирани од ИД, покажува извештај на ОН.

6 ноември – На американските избори на половина мандат Демократите, по осум години, ја презедоа контролата во Претставничкиот дом, Сенатот останува на републиканците.

8 ноември – Најсмртоносниот пожар во историјата на Калифорнија, почна да се шири од Националната шума Пламс кон округот Бут, уништувајќи го градот Парадајз, уништувајќио 13.000 згради. Во него загинаа најмалку 86 лица.

8 ноември – Катар испорача 15 милиони долари во готовина за да ги плати државни службеници во Газа, а претходно испрати гориво за зголемување на електричната енергија од 4 на 8 часа дневно.

9 ноември – Автомобил-бомба експлодира во Могадишу, Сомалија, при што загинаа 52 лица, а беа повредени 100 луѓе.

11 ноември – Кинеската компанија за онлајн трговија Алибаба постави нов рекорд за „Денот на самците“ со продажба во вредност од една милијарда долари за 85 секунди, односно 30,8 милијарди долари за 24 часа.

12 ноември – Во израелската тајна операција во Газа убиени се осум лица, вклучувајќи еден Израелец и командант на Хамас, поттикнувајќи тензии со одмазднички ракетни напади од Газа.

12 ноември  – На 95 години почина Стен Ли, американски автор на стрипови, писател и креативен лидер на мултимедијалната корпорација Marvel.

13 ноември – Судскиот процес против Хоакин „Ел Чапо” Гузман започна во Њујорк.

14 ноември – Кабинетот на премиерката на Велика Британија, Тереза ​​Меј го одобри нацрт-планот за излегување на земјата од Европската унија.

14 ноември – Астрономите бјавија откривање на планетата Супер-Земја (3.2 пати поголема од Земјата) која орбитира околу црвената џуџеста ѕвезд Барнар, оддалечена шест светлосни години.

14 ноември – 56 отсто од гласачите во Калгари гласаа „против“ да бидат домаќини на ЗОИ во 2026 година.

15 ноември – Авганистанскиот претседател Ашраф Гани потврди дека повеќе од 28.000 војници и полицајци се убиени од 2015 година.

16 ноември – ЦИА заклучи дека саудискиот принц Мохамед бин Салман наредил убиство на новинарот Џамал ​​Кашоги.

16 ноември – Килограмот е редефиниран со параметри од природата, со помош на Планковата константа, заедно со ампер (електрична струја) и келвин (температура) на конференција во Париз.

18 ноември – Бројот на смртни случаи поради ебола во Конго е веќе 213 додека 420 случаи на заразени се регистрирани од здравствените власти. Тоа е втора најголема епидемија во државата.

17 ноември – Протести во Франција против зголемувањето на цените на горивото, 400 лица повредени.

19 ноември – Претседателот на Нисан, Карлос Госн, уапсен во Јапонија поради финансиски малверзации.

20 ноември – Повеќе од 40 верски ученици загинаа од бомбаш-самоубиец во близина на аеродромот во Кабул, Авганистан.

23 ноември – Американскиот федерален извештај за климата наведе дека климатските промени ќе ја намалат економијата за 10 отсто до 2100 година, истакнувајќи дека со 141 милијарда долари ќе чинат смртните случаи поврзани со топлина, 118 милијарди долари од порастот на нивото на морето.

24 ноември – Тајванските гласачи на референдум не ги легализираа истополовите бракови.

25 ноември – Лидерите на ЕУ го одобрија договорот за Брегзит.

26 ноември – Мисијата на НАСА „Инсајт” слета на Марс по седуммесечно патување.

26 ноември – Украина прогласи воена состојба во областите што се граничат со Русија откако Русија заплени три украински бродови.

26 ноември – „Џенерал моторс” објави дека ќе затвори пет фабрики во Северна Америка, со што ќе отпаднат 14.000 работни места.

28 ноември – Францускиот режисер Лук Бесон обвинет за сексуално вознемирување од уште пет жени, освен претходните четири кои го обвинија за истото.

1 декември – Почина 43. претседател на САД Џорџ Буш постариот.

1 декември – Насилни протести во Париз, во цела Франција протестираа 36 илјади „жолти елеци“. На протестите загинаа три лица.

2 декември – Во Катовице, Полска, почна 24. Конференција на ОН за климатските промени.

4 декември – Францускиот претседател Емануел Макрон го повлече контроверзниот предлог за зголемување на данокот за гориво по три недели масовни протести.

5 декември – Погреб на поранешниот претседател Џорџ Буш постариот, каде освен неговиот син Џорџ Буш, присуствуваа и Доналд Трамп, Барак Обама, Бил Клинтон и Џими Картер.

6 декември – Луксембург е првата држава каде јавниот транспорт ќе биде бесплатен.

8 декември – Солзавец и гумени куршуми се употребени против антивладините демонстранти во Франција. Околу 500 лица се приведени, и најмалку 30 повредени.

9 декември –  Вршителот на должноста премиер на Ерменија Никол Пашињан победи на парламентарните избори, освојувајќи 70,4 отсто од гласовите.

10 декември – Британската премиерка Тереза Меј го откажа гласањето за Договорот за Брегзит во Парламентот.

10 декември – Серискиот убиец од Русија Михаил Попков осуден на втора доживотна казна затвор за убиство на 56 лица.

11 декември – Напад на Божиќен пазар во Стразбур – најмалку тројца загинати. На 13 декември полицијата соопшти дека го убила напаѓачот.

11 декември – Личност на годината во изборот на Тајм е саудискиот дисидент Џамал Кашоги, убиен во Турција.

13 декември – Најмалку девет лица загинаа во железничка несреќа во Турција.

15 декември – Украинскиот претседател Петро Порошенко најави формирање независна Украинска православна црква.

15 декември – Повеќе од 100 верници се хоспитализирани и 11 ги загубија животите откако јаделе затруена храна за време на верска церемонија во Индија.

17 декември – Збор на годината според уредништвото на речникот Мирјам-Вебстер е „правда“.

19 декември – САД најавија повлекување на својата војска од Сирија.

19 декември – Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи победа над терористичката „Исламска држава“ во Сирија.

20 декември – Американскиот министер за одбрана Џим Матис најави оставка по најавата за повлекување на дел од војската на САД и од Авганистан.

20 декември – Вселенскиот брод „Сојуз МС-09“ успешно се врати од МВС.

21 декември – масовни протести во Барселона против посетата на шпанскиот премиер.

22 декември – Почина либералниот саудиски „црвен принц“ Талал бин Абдул Азиз.

22 декември – Во цунами во крајбрежните области меѓу индонезиските осторви Суматра и Јава, предизвикано од ерупција на вулканот Анак Кракатау загинаа најмалку 450 лица.

23 декември – Патрик Шенахан избран за нов в.д. шеф на Пентагон.

23 декември – Почина британскиот политичар и дипломат Педи Ешдаун.

24 декември – Напад во Кабул, најмалку 43 мртви, над 25 повредени.

25 декември – Во Индија отворен најдолгиот комбиниран железнички и патен мост во Индија.

26 декември – Јапонија соопшти дека се повлекува од Меѓународната комисија за китолов.

26 декември – Астрономите открија егзопланета наречена „ХД 219134 б“, која е 21 светлосна година оддалечена од Сончевиот систем и се наоѓа во соѕвездието Касиопеја. Новата планета има сјај на рубини и сафири.

26 декември – Успешно тестиран новиот руски хиперсоничен ракетен систем „Авангард“, што може да носи нуклеарни и конвенционални боеви глави.

26 декември – Укината воената состојба во Украина.

27 декември – Екстремни горештини во Австралија, измерени 49,1 степени.

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Читај повеќе

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе