Фудбал
ПРЕМИЕР ЛИГА 2019/20

Крауч: На Салах на клупа му беше како мене против Андора

5. декември 2019 - 19:41 | Ф.З.

Ако некој знае како му беше на Мо Салах синоќа против Евертон, тоа е Питер Крауч.

Иако синоќа се играше градското дерби, Јирген Клоп реши да го одмори Мохамед Салах седнувајќи го на клупата за резерви. Египќанецот не беше воодушевен од тоа што такво дерби 90 минути изгледа од клупата.

Интересна споредба направи поранешниот напаѓач на „Црвените“, високиот Питер Крауч кој своевремено го предводеше и нападот на репрезентацијата на Англија.

„Се сеќавам кога Англија играше со Андора и селекторот ме остави на клупата за резерви, а јас сакав да играм. Мислам дека и Салах на клупата седел како на игли. Тој сака да игра, сака да биде најдобар стрелец. Од крило се преобрази во себичен напаѓач. Не ужива на клупа, сака да биде на терен и да постигнува по два-три гола“, рече Крауч.

Ливерпул и без салах извојува победа од 5:2, а само во првиот дел постигна 4 гола.

Коментирај