Кражба во Тетово: Украдени пари, накит и возило вредни 9 милиони денари

Разбојници провалиле во куќа во Тетово, ги врзале домаќините и украле пари, накит и возило во вредност од 9 милиони денари.

Според информациите на МВР, утрово околу 3:40 часот во СВР Тетово пријавено е дека во куќата, сопственост на лицето  Р.И. (69) на улица Мирче Ацев, од страна на непознати лица извршено е кривично дело разбојништво.

Според првичните сознанија, околу 3 часот, додека домашните спиеле, од страна на непознати сторители кои носеле маски на главата со употреба на тврд предмет и физичка сила е влезено во куќата.

Кога крадците влегле во куќата, се разбудил сопственикот и кога излегол во ходникот, ги затекнал четирите лица со црни фантомки на главата со ракавици на рацете и двајца од нив ги удриле Р.И. и неговата сопруга М.И., а потоа им ги врзале рацете и почнале да извршуваат пребарување.

На првиот кат ги врзале и син му М.И. и снаа му Р.И. и нивните две малолетни деца и по пребарувањето, украле поголема количина разновиден златен накит, поголема количина женски и машки часовници, 10.000 евра, мобилни телефони и возило „ренџ ровер“, при што, според првичните процени, се стекнале со противправна имотна корист од над 9.000.000 денари.

СВР Тетово во содејство со Јавното обвинителство презема мерки за расчистување на случајот.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Хроника

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Read more

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Read more

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Read more

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Read more
 

Вести

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе