Крцкаво однадвор, меко одвнатре: Најдобриот рецепт за пилешко во бел сос

Не сте сигурни што да подготвите за ручек? Пилешкото е секогаш добро решение, особено ако се комбинира со компири.

Сите знаеме дека белото месо често знае да излезе прилично суво, но со овој рецепт таква грешка нема да излезе. Со овој начин на подготовка ќе добиете бело месо што ќе биде крцкаво однадвор, а сочно и меко одвнатре. За овој рецепт ќе ви биде потребна и супа, а слободно може да искористите и готова замрзна, доколку имате таква во замрзнувачот. Супата на секое јадење му дава посебен вкус.

Ако сакате, можете да направите пржено бело месо без да користите јајца, брашно и презла.

Потребни состојки:

  • 500 gr пилешко филе
  • 1 кромид
  • 4 чешниња лук
  • 150 gr брашно
  • 200 gr пармезан
  • лук во прав
  • со
  • бибер
  • маслиново масло
  • путер
  • 200 ml супа
  • 200 ml павлака за готвење

Подготовка:

Зачините сол, бибер и лук во прав втријте ги во месото, потоа измешајте брашно и 100 gr од од пармезанот и убаво превртувајте го месото во него, исто како кога тоа го правите со презла. Во тава турете малку маслиново масло и путер и испржете го месото. Потоа извадете го месето, во тавата ставете го исечканиот кромид, а кога ќе се испржи додадете го и исечканиот лук. Истурете супа, останатите 100 gr пармезан и павлаката за готвење. Кога сосот ќе почне да врие, вратете го месото и оставете на оган уште неколку минути.

Потоа можете да го комбинирате со пекарски компир, ориз, или некој друг додаток по желба. Украсете со магдонос или босилок.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Рецепти

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Захер тортата настанала непланирано, а поради богатиот вкус го освои светот

Read more

Совршено за велигденскиот пост: Печени компири со грашок

Read more

Taste Atlas објави листа на најдобрите сирења во светот

Read more
 

Магазин

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Читај повеќе
  • play_arrow

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Читај повеќе
  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе

Харизматични, неодоливи и вистински господа – најпосакуваните мажи во хороскопот

Читај повеќе

Захер тортата настанала непланирано, а поради богатиот вкус го освои светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Сочни и крцкави со месеци: Трик за складирање јаболка од XVIII век

Читај повеќе