Креативни идеи за уредување на мала тераса
Без разлика колку е мала, терасата е вашиот контакт со надворешноста кога немате време за прошетка во природа и сигурно поминувате таму многу време во топлите денови.
Со паметно уредување направете го ова катче уште попосебно и место за уживање. И најмалиот простор може да биде удобен и стилски уреден со вистинскиот избор на мебел и детали.
Инспирирајте се од овие идеи за уредување и направете ја вашата тераса најубавото место за пиење утринско кафе, за читање книга или за уживање во вечерен коктел.