Креативни начини како подобро да го организирате вашиот фрижидер

Најфреквентното место во секој дом е кујната. Ако се запрашате што најмногу користите во вашата кујна, одговорот без сомнеж ќе биде: фрижидерот. Факт е дека сите помини-замини сите ние честопати во денот (а и во ноќта) го отвораме фрижидерот - некогаш од потреба, некогаш од чиста здодевност.  Имајќи го ова во предвид Samsung Electronics ги дизајнираат Bespoke – најдобрите од најдобрите, кога станува збор за избор на фрижидери, кои се прилагодени на сечиј стил на живот и создадени со комплетно користење на просторот и паметна организација. 

Samsung Bespoke фрижидер можете да имате како единечен модул со една целосна врата. Но бидејќи на сите нас секогаш ни недостасува уште простор во фрижидерот, постои и опција да се комбинираат повеќе модули, вклучувајќи и модел со една целосна врата или модел со две врати. Благодарение на функцијата метално ладење, оптималната температура во фрижидерот постојано се одржува, па така храната останува свежа, дури и кога често ја отворате и затворате вратата.

Дали некогаш сте помислиле колку би било подобро сета свежа храна во фрижидерот секогаш да ви е лесно пристапна и на дофат на рака, а не како што честопати се случува да вадите или поместувате намирници, за да стигнете до храната што ја барате?  Со помош на следниве неколку практични и неверојатно креативни совети, но и благодарение на совршениот дизајн на Bespoke фрижидерот кој е флексибилни и однадвор и одвнатре, можете да ја прилагодите внатрешноста, како и надворешноста. Реверзибилна врата овозможува  да одберете во која насока сакате да се отвора вратата на фрижидерот. Ова значи дека секогаш ќе се вклопува совршено во изгледот на кујната. Насоката на отворање на вратата може да се смени со едноставна промена на шарките. Така, се вклопува речиси секаде и овозможува дополнителна флексибилност да комбинирате модули на разни начини.

Добрата организација ќе ви помогне да заштедите и време и пари, а следниве трикови во комбинација со врвните карактеристики на Bespoke ќе ви го направат животот полесен!

1. Специјална зона за закуски

Благодарение на уникатната технологија SpaceMax™, со Bespoke фрижидерите секогаш ќе имате можност да складирате повеќе храна во пространата внатрешност. Технологија SpaceMax™ користи посебна високо-уретанска изолација која овозможува ѕидовите да бидат многу потенки, без да се наруши енергетската ефикасност. Така, се создава многу поголем внатрешен простор без да се зголемат надворешните димензии. Имајќи го ова предвид можете слободно да создадете зона за ужинка во фрижидерот полна со грицки и пијалоци погодни и достапни за деца. Наполнете ја преградата со здрави закуски за вас и вашите најмили и во секое време имајте при рака вкусна закуска  . Чувањето на овие закуски и пијалаци на едно место ќе ви помогне да знаете кога е време да ја дополните залихата!

2. Замрзнувач со прегради за подобра организираност

Да бидеме искрени, сите знаеме дека фиоките во замрзнувачот секогаш се полни со храна која неретко забораваме и дека ја имаме. Решение? Секоја фиока нека ви биде за посебна намена – месо, зеленчук и друга замрзната храна. Плус доколку ставите неколку пластични прегради измеѓу добивате прегледност во секое време. Нема повеќе копање во дното на замрзнувачот за одамна изгубената храна! Причина повеќе да го одберете Bespoke? Неговата совршена компатибилност ја покажува и конвертибилен замрзнувач/фрижидер.

3. Оптимизирано складирање на храната

За време на празниците (особено кога ги поминуваме заедно со најблиските и пријателите), неретко се случува значителна количина од зготвениот ручек да остане, и истата можете да ја складирате во фрижидерот и да немате грижи дека истата во наредните пар денови ќе изгуби од својата свежина. Истото важи и за време на празниците кога подготвувањето на храна е невозможно да се изведе во еден ден, туку се одвива неколку дена однапред и се складира во фрижидерот. Се грижите дека нема да имате доволно простор?  Со Bespoke фрижидерот имате шанса за флексибилно складирање користејќи ја зоната Cool Select Plus. Што значи тоа? Лесно може да го претворите замрзнувачот во фрижидер по потреба и да го оптимизирате начинот на користење на целиот простор. Режимите Cool, Chill, Soft Freeze или Freeze можете да ги менувате со еден допир со што ви е овозможено да складирате храна на најоптимална температура. Дополнително, со No Frost нема да трошите време и енергија одмрзнувајќи го фрижидерот.

Технологијата No Frost ја подобрува циркулацијата на воздухот за да одржи постојана температура, што спречува наталожување мраз. Исто така, многу побрзо ја постигнува посакуваната температура. А и многу помалку го заморува системот за ладење, па така тој трае подолго.

Не мора да се грижите дека ќе ви се потроши мразот на сред забава, со Bespoke можете да ја замрзнете храната или направете мраз за секунда! Со само едно копче, функцијата Power Freeze автоматски ја поставува температурата на замрзнувачот на најниското ниво и создава брз интензивен бран ладен воздух. Одличен е за замрзнување или чување замрзната храна, сладолед, и брзо правење мраз. Плус, тука е и тенкиот ледомат кој е вграден во вратата на фрижидерот, така што овозможува драгоцен дополнителен простор за складирање, ослободувајќи место во замрзнувачот. И покрај тоа, може да собере многу мраз, а преку проѕирната преграда лесно може да видите уште колку мраз останало.

4. Чувајте ги остатоците од храна во теглички, а овошјето и зеленчукот во Humidity Fresh+ фиоката

Дека Bespoke е најдобриот избор кога станува збор за фрижидери го потврдува и фактот што благодарение на опцијата за сеопфатно ладење, секој дел од еден агол до друг во внатрешноста на фрижидерот соодветно се лади. Температурата се одржува и циркулира ладен воздух низ стратешки поставените отвори. Така, храната се чува на оптимална температура и останува посвежа подолго и веднаш е подготвена за да ја загреете, кога ќе сакате повторно да ја јадете. Идеално е храната која ви останала од ручекот да ја чувате во теглички, кои не одземаат многу простор и дефинитивно не валкаат, а полиците во фрижидерот секогаш ќе бидат средени и организирани.  А за складирање на овошјето и зеленчукот, како тие да ја зачуваат нивната свежина и сочност, Bespoke нуди ја фиоката Humidity Fresh+, во која со едно копче можете да ја приспособите влажноста на воздухот и да ја направите идеална за подолго зачувување на вкусот и оригиналната текстура на храната. 

5. Време е за темелно чистење

Сте помислиле ли некогаш дека чистењето на задниот дел на фрижидерот може да биде неверојатно лесно. Bespoke фрижидерите благодарение на функцијата Clean Back  ви овозможуваат полесно чистење на задниот дел од фрижидерот. Clean Back е целосно мазна безбедносна прекривка за клучните жици и кабли. Изгледа навистина педантно и лесно може да се избрише, а овозможува и дополнителна трајност. Спречува наталожување нечистотија околу деловите и ги штити од удари.

 

Повеќе информации за Bespoke фрижидерите, можете да најдете на:

https://www.samsung.com/mk/refrigerators/bespoke-refrigerators/rb7300-344l-black-rb34a7b5e22-ef/

https://www.samsung.com/mk/refrigerators/rb7300t-spacemax/

https://www.samsung.com/mk/refrigerators/bespoke-refrigerators/rb7300-344l-black-rb34a7b5e22-ef/

https://www.samsung.com/mk/refrigerators/bespoke-refrigerators/rb7300t-387l-black-rb38a7b63b1-ef/

реклама

Рани симптоми кои укажуваат на можност за мултиплекс склероза

Read more

Губење титула на бугарски начин

Read more

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Read more

Свирежи за крај: Меси неславно испратен од ПСЖ

Read more

Вести

Поради технички проблеми Boeing го одложи првиот лет со екипаж на Starliner

Read more

Лекарите велат дека ова е најважниот вирус за кој никогаш не сте слушнале

Read more

Ѓердан со заб од мегалодон пронајден во потонатиот Титаник

Read more

Италија сака да инсталира Ајнштајнов телескоп во напуштен рудник

Read more
 

Гик

Поради технички проблеми Boeing го одложи првиот лет со екипаж на Starliner

Читај повеќе

Лекарите велат дека ова е најважниот вирус за кој никогаш не сте слушнале

Читај повеќе

Со помош на ултразвучни бранови во иднина и луѓето ќе хибернираат

Читај повеќе
  • play_arrow

Ѓердан со заб од мегалодон пронајден во потонатиот Титаник

Читај повеќе

Кои се најпопуларните телефони од врвна класа во првиот квартал?

Читај повеќе

The Witcher 3 е најпродавана RPG игра во историјата

Читај повеќе

Google веќе го распродаде најскапиот телефон, а уште не е пуштен во малопродажба

Читај повеќе

Италија сака да инсталира Ајнштајнов телескоп во напуштен рудник

Читај повеќе

На Twitter му се заканува забрана од ЕУ

Читај повеќе