Фит

Креативните луѓе не можат да поднесат вежбање во теретана

11. јануари 2018 - 13:23 | М.Д.

Ефикасноста на нечиј режим на вежбање зависи и од типот на личноста, па така покреативните луѓе повеќе сакаат физички активности на отворено и имаат голем проблем со вежбањето во теретана, покажуваат резултатите од ново истражување.

Резултатите од едно неодамнешно истражување претставени се на овогодинешната конференција на Британското друштво на психолози, а истражувањето опфатило повеќе од 800 луѓе од неколку земји.

Личностите кај кои повеќе доминира разумот повеќе се држат до планот за вежбање, отколку кај оние кај кои чувствата се примарни.

Покреативните луѓе повеќе сакаат активности на отворено, како што е возење на велосипед, трчање, а речиси и да не можат да го поднесат вежбањето во теретана.

„Она што сакавме да го проучиме е дека од типот на личноста зависи дали сте за во теретана или не. На некого тоа природно му претставува голем товар. Личноста која со такво расположение оди во теретана нема да има долгорочни резултати“, вели Џон Хакстон, еден од авторите на истражувањето.

Коментирај