Креаторите на Facebook можат да ги монетизираат своите приказни

Meta покрена нова иницијатива чија цел е да ги мотивира корисниците да креираат содржина и да споделуваат фотографии и клипови на Facebook.

Meta објави дека креаторите во програмата за монетизација на содржината на Facebook сега можат да заработат пари со тоа што луѓето ќе ги гледаат нивните приказни на Facebook.

Со оглед на лесниот начин за објавување содржина, Stories е прилично едноставен начин да заработите дополнителни пари од содржината што креаторите ја објавуваат на Facebook.

Можноста за заработка преку Stories е достапна на глобално ниво, се заснова на перформансите на постовите, а Stories мора да бидат јавни за да се монетизираат. Креаторите кои сè уште не се во програмата за монетизација на содржини можат да аплицираат преку веб-страницата на Meta.

Новиот начин на плаќање е само последниот обид на Meta да ги натера креаторите да објавуваат содржини на Facebook наместо на Instagram или други апликации. Во јануари, компанијата воведе „бонус програма“, која дава дополнителни 5.000 долари на креаторите со постоечко присуство на друга платформа за социјални медиуми за објавување одредена количина фотографии и клипови на Instagram и Facebook.

Тајмингот на програмата јасно покажува дека Meta сака да привлече креатори кои наскоро ќе го изгубат пристапот до TikTok. Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп привремено ја „спаси“ социјалната мрежа за креаторите да не брзаат многу, но Meta сепак сака максимално да го искористи хаосот.

Тагови
реклама

Кој ги нападна бродовите крај бугарскиот брег? Зеленски вели едно, Бугарите – друго

Read more

Човек од Белата куќа: Спречивме катастрофа на Балканот

Read more

Роналдо детално и долго ја објасни својата верзија за напуштањето на репрезентацијата

Read more

3 трикови како да изберете квалитетно маслиново масло

Read more

Софтвер

Instagram експериментира со read-only режимот за Plus претплатниците

Read more

Дали ова е крајот на Android каков што го знаеме? 

Read more

Mozilla го редизајнира Firefox и сака да го направи попривлечен за корисниците на Chrome

Read more

YouTube наскоро ќе овозможи креирање приспособени фидови и користење GIF-ови во коментарите

Read more

Гик

Добитникот на Нобеловата награда за физика e oсновач на нова научна гранка за проучување на вселената

Читај повеќе

Кинезите направија подводни соларни панели: Произведуваат струја и на длабочина од 10 метри

Читај повеќе

Знаци дека вашиот смартфон е хакиран: Што треба веднаш да направите?

Читај повеќе

Нобеловата награда за медицина доделена на пионери во областа на оптогенетиката

Читај повеќе

Instagram експериментира со read-only режимот за Plus претплатниците

Читај повеќе

Земји каде што е најлесно да се живее како дигитален номад

Читај повеќе
  • play_arrow

Google ја создаде најбизарната тастатура: Не барате букви со прстите, сами доаѓаат до вас

Читај повеќе

Дали ова е крајот на Android каков што го знаеме? 

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џеф Безос ќе произведува струја на Месечината?

Читај повеќе