Креаторите на „Game of Thrones“ ги потврдија најголемите вести за последната сезона

Веќе одамна се знае дека следната сезона од хит-серијата „Game of Thrones“ ќе биде последна, а фановите тешко го прифаќаат фактот дека нивната омилена серија ќе заврши. Но, можеби последните потврдени вести ќе направат тие полесно да го прифатат крајот.

Според извештаите од Variety, во последната сезона на серијата ќе се случат неколку неочекувани работи, а во последните неколку епизоди ќе биде прикажана и смртта на неколку од главните ликови.

Во Израел се одржа конференција на која беа присутни сите актери, режисери, сценаристи и работници поврзани со „Game of Thrones“. Таму беа презентирани и прочитани сценаријата за последните неколку епизоди, а ова беше првпат актерите да се соочат со она што ги очекува во последната сезона.

Изворот на Variety тврди дека во последната сезона голем дел од омилените ликови ќе умрат или бидат убиени, а ќе се случат и големи промени во тоа како гледачите ги доживуваат ликовите.

„Тоа беше моќен момент за нашите кариери, па дури и за нашите животи. Никој од екипата претходно ги немаше прочитано сценаријата, и затоа еден по друг се изненадуваа кога прочитаа за нивната смрт“, рече Франческа Орси, заменик-претседател на одделот за драма на HBO.

Орси додава и дека откако биле прочитани последните неколку реченици од сценариото за последната епизода, сите присутни станале и им дале 15-минутна овација на Дејвид Бениоф и Д.Б. Вајс, креаторите на серијата.

Уште лани беа најавени спиноф серии со некои од најпопуларните ликови од серијата, а ќе има и неколку серии кои ја објаснуваат историјата на најпознатите семејни лози од „Game of Thrones“.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Филм & ТВ

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Read more

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Read more

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Read more

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Read more
 

Сцена

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Анистон изненади со изгледот на насловна: Како толку се подмлади?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скарлет Јохансон и Ченинг Тејтум ве носат на Месечината во филм за настанот од 1969

Читај повеќе

Зошто HBO се откажа од спин-оф серијата за Џон Сноу?

Читај повеќе