Креаторите на „Game of Thrones“ се приклучија на тимот на „Star Wars“

Главниот дуо од креативниот тим на популарната серија „Game of Thrones“, составено од Дејвид Бениоф и ДБ Вајс потпишаа договор со кој ќе се приклучат на тимот на „Star Wars“ кој ќе работи на идните проекти од оваа франшиза.

Бениоф и Вајс ќе почнат со работа на новите проекти од „Star Wars“ франшизата откако ќе заврши емитувањето на телевизискиот хит „Game of Thrones“ во 2019 година, најавија од Lucasfilm.

Засега за проектот се знае многу малку, а од Lucasfilm открија дека ќе се работи за филмови кои ќе бидат одвоени од главната приказна на франшизата, како и од најавената трилогија на Рајан Џонсон, со цел да се прошири Star Wars универзумот.

„Во летото 1977 година отпатувавме во галаксија која се наоѓа, далеку, многу далеку, и оттогаш сонуваме за ова“, рекоа во заедничката изјава Дејвид Бениоф и ДБ Вајс.

„Game of Thrones“ се познати по насилството и контроверзните теми кои ги обработуваат, што ги прави драстично поразлични од „Star Wars“ филмовите, кои се наменети за целото семејство. Претседателката на Lucasfilm, Кетлин Кенеди, рече дека Бениоф и Вајс се меѓу најдобрите раскажувачи на приказни во филмскиот и телевизискиот свет, и дека е горда што ќе соработува со нив.

Ова не е првпат дел од тимот на „Game of Thrones“ да соработува со тимот на „Star Wars“. Актерката Гвендолин Кристи ја глумеше Бриен оф Тарт во телевизиската серија, пред да ја преземе улогата на Капетан Фазма во филмовите „The Force Awakens“ и „The Last Jedi“. Нејзината колешка Емилија Кларк ќе има улога во филмот „Solo: A Star Wars Story“.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Филм & ТВ

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Read more

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Read more

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Read more

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Читај повеќе
  • play_arrow

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Читај повеќе

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Читај повеќе

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Почина Мирко Попов

Читај повеќе
  • filter

„Кралицата на ботоксот“ позираше во долна облека за магазинот Elle

Читај повеќе