Хит серијата „Squid Game“ на Netflix ќе добие втора сезона, но обожавателите ќе почекаат за новите епизоди.
Креаторот на серијата, Хванг Донг Хјук, за Vanity Fair изјави дека новата сезона најверојатно ќе биде подготвена за прикажување кон крајот на 2023 или во 2024 година.
„Човештвото ќе биде ставено на тестирање низ игри уште еднаш. Сакам да го поставам прашањето дали е можна вистинска солидарност меѓу луѓето“, вели Хванг, најавувајќи ја новата сезона.
„Луѓето ми зборуваат дека тоа е премногу нереално“, смета тој.
Првата сезона беше голем хит на Netflix. Во јануари беше официјално потврдено дека ќе има и втора сезона.
„Апсолутно ќе има втора сезона, „Squid Game“ тукушто почна“, изјави тогаш Тед Сарандос, извршен директор на Netflix.