Четири години откако втората сезона на ТВ-серијата „True Detective“ разочара многу фанови на кои стандардите им се кренаа на неверојатно високо ниво со првата сезона, серијата неделава се врати на HBO со третата сезона.
Во првите две епизоди видовме како дејството се враќа на корените од првата сезона. Се очекува да видиме што ќе се случува понатаму во преостанатите шест епизоди.
Можеби се чини дека е премногу рано да мислиме на следната сезона, но не е.
Џејмс Хиберд од Entertainment Weekly разговараше со креаторот на „True Detective“ Ник Пицолато кој откри каква идеја има.
„Сонувам да направам ТВ-серија во која ќе се повторуваат стари ликови и нема да мора одново да го измислувам тркалото. Откако ќе завршам сезона секогаш се чувствувам многу исцеден. Но, морам да признаам... имам идеја. И е луда. Многу, многу луда. Каде да се оди после оваа сезона? Имам главен лик кој има 35, 45 и 70 години истовремено и мистерија што треба да стигне до лажни сознанија и да продолжи во иднината без да ја измами публиката и има сложени структурни елементи. Ама имам навистина луда идеја“, вели тој.
„Ми треба да ми отсто малку. Сакав во меѓувреме да направам уште една серија, можеби филм. Ама да, имам идеја.“
Третата епизода од третата сезона има премиера на 20 јануари.