Рецепти

Крем чорба со домати и сланина

8. октомври 2019 - 15:34 | М.С.

Еве еден поинаков рецепт за крем чорба.

Состојки:

Четири парчиња димена сланина

Конзерва сецкани домати

Лажичка сенф

Четири главици кромид

Два моркова

Едно чешне лук

Сол, бибер

Начин на подготовка:

Исецкајте ја сланината на коцки и пржете ја за да стане крцкава. Тгнете ја од огин.

Додајте го зеленчукот исецкан на коцки и пржете.

Додајте ги доматите, сенфот, бибер и сол. Кога ќе прокрцка, додајте 750 мл. вода и оставете да се вари додека зеленчукот да стане мек.

Пред сервирање, додајте ја сланината и послужете.

Коментирај