Живот

Крема за беспрекорен тен: грчки рецепт стар повеќе од 2000 години!

5. август 2019 - 15:08 |

Не мора да трошите огромна сума на пари за козметика за нега на вашата кожа. Можете сами да направите ефикасен лосион од природни состојки. Овој препарат е фантастичен за нега на кожата на лицето, а исто така е и ефикасно средство за отстранување на шминка.

Потребно е:

  • 1 лажица мед
  • 8 лажици пчеличен восок
  • 200 мл. бадемово масло
  • половина шолја ружина вода

Начин на подготовка:

На тивок огин стопете го медот, восокот и бадемовото масло. Кога смесата добро ќе се растопи, тргнете ја од огин и ставете ја да се излади, но не потполно. Ружината вода додавајте ја капка по капка и не престанувајте да мешате. Кога лосионот добро ќе се соедини, истурете го во стаклени теглички кои ќе ги затворите откако смесата добро ќе се излади.

Коментирај