Оваа паста со спанаќ и печурки се задоволство само по себе, бидејќи вкусовите совршено се провлекуваат, а павлаката ѝ дава кремаста структура која сите ја обожаваме.
Потребни состојки:
- 2 лажици маслиново масло
- 1 мал кромид
- 150 гр печурки
- 150 гр таљатели
- 2 чешниња лук
- 200 гр павлака за готвење
- 15 гр пармезан
- 150 гр спанаќ
Подготовка:
Прво загрејте го маслото на средна температура и пржете го ситно исечканиот кромид и преполовените печурки 10 минути, или додека не омекнат и малку поруменат. Во меѓувреме, сварете ги тестенините според упатството на пакувањето.
Во тавата со печурките додадете го ситно исечканиот лук и пржете уште 2 минути. Додадете ја павлаката за готвење и пармезанот, измешајте да се соедини, па ставете го и сечканиот спанаќ. Добро измешајте и оставете на страна.
Таљателите тргнете ги од оган и исцедете ги (во никој случај не ги ставајте во ладна вода!), но зачувајте 25 мл од водата во која се вареле. Додадете ги тестенините во кремастиот сос од печурки, ставете ги на оган и пржете ги на тивко додека спанаќот не овене, околу 5 минути. Додадете доволно од зачуваната вода за да ја добиете саканата конзистентност.