Кремљ: Ќе одговориме на упадот на Украина во Русија, преговорите веќе не се важни

Макфакс
/ 26.08.2024 / 14:45

Кремљ денеска соопшти дека ќе мора да има руски одговор на упадот на Украина во западната Курска област и дека идејата за прекин на огнот со Киев повеќе не е релевантна.

Илјадници украински војници ја пробија руската граница на 6 август во ненадеен напад за кој рускиот претседател Владимир Путин рече дека има цел да ја подобри преговарачката позиција на Киев пред можните разговори и да го забави напредувањето на руските сили по должина на линијата на фронтот.

„Ваквите непријателски дејства не може да поминат без соодветен одговор“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Одговор сигурно ќе има. Путин рече дека Украина ќе добие вреден одговор, но сè уште јавно не кажа каков ќе биде тој одговор“.

Песков ги отфрли медиумските извештаи дека имало преговори за прекин на огнот меѓу Москва и Киев. „Немаше преговори. Темата на преговорите во овој момент прилично ја изгуби својата важност“, рече Песков.

реклама

Свет

Израел и Либан ќе одржат втора рунда преговори за три дена во САД

Read more

Паѓа рејтингот на Трамп: Најнизок во неговиот втор мандат

Read more

Лукашенко му се закани на Западот: Не дај Боже...

Read more

Трамп: Израел не ме наговори на војна со Иран

Read more
 

Вести

Израел и Либан ќе одржат втора рунда преговори за три дена во САД

Читај повеќе

Паѓа рејтингот на Трамп: Најнизок во неговиот втор мандат

Читај повеќе

Лукашенко му се закани на Западот: Не дај Боже...

Читај повеќе

Трамп: Израел не ме наговори на војна со Иран

Читај повеќе

И Кина се огласи за Ормутскиот Теснец

Читај повеќе

Кој е Румен Радев и каков бил неговиот политички пат?

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе

Нетанјаху го осуди сквернавењето на статуа на Исус од страна на војник на ИДФ во Либан

Читај повеќе

Кои европски земји ќе бидат најбогати до 2030 година?

Читај повеќе