Кремљ одговри на мировниот предлог на Кина

Кремљ денеска оцени дека планот што минатата недела го предложи Кина за решавање на конфликтот во Украина „заслужува внимание“, но и дека „засега“ не постојат неопходните услови за „мирно“ решение.

„Секој обид што придонесува за насочување на овој конфликт кон мирен пат заслужува внимание. Ние го разгледуваме планот на нашите кинески пријатели со големо внимание“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Тоа е долг процес“, рече тој.

„Засега не ги гледаме премисите дека оваа ситуација може да тргне по мирен пат“, додаде тој. „Специјалната воена операција (во Украина) продолжува“, нагласи тој.

Во петокот, точно на првата годишнина од војната, Пекинг објави документ од 12 точки со кој ги повикува Москва и Киев на мировни преговори. Досега Москва и Киев не покажаа сериозна волја за преговори и внимателно реагираа на кинескиот предлог.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски оцени дека е „неопходно“ да се „работи“ со Пекинг за да се најде решение за конфликтот. Зеленски рече дека наскоро планира да се сретне со својот кинески колега Си Џинпинг.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека ги „цени“ напорите на Кина, но и инсистира на признавање на руската анексија на четири украински региони.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Read more

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Read more

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more
 

Вести

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе