Кремљ за обидот за атентат врз Трамп: Играњето со оган има последици

Кремљ во понеделникот соопшти дека врската меѓу Украина и осомничениот напаѓач во обидот за атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп покажува дека „играњето со оган“ има последици.

Запрашан за тоа што ФБИ го нарече обид за атентат врз Трамп, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков рече:

„Не треба да размислуваме ние, туку американските разузнавачки служби. Во секој случај, играњето со оган има последици“.

Коментарот се однесуваше на поддршката на Соединетите Американски Држави за Украина во војната против Русија.

CNN, Fox News и New York Times го идентификуваа осомничениот како 58-годишниот Рајан Весли Рут од Хаваи, повикувајќи се на неименувани полициски службеници.

Три профили на социјалните мрежи со името на Рут сугерираат дека тој бил жесток поддржувач на Украина во нејзината војна против Русија.

New York Times објави дека го интервјуирал Рут во 2023 година за напис за Американците кои доброволно се пријавиле да им помогнат на украинските воени напори.

Рут за Times изјави дека отпатувал во Украина и таму поминал неколку месеци во 2022 година и дека се обидувал да регрутира авганистански војници кои избегале од Талибанците за да се борат во Украина.

Во понеделникот, украинскиот претседател Володимир Зеленски го осуди обидот за атентат врз републиканскиот претседателски кандидат Трамп и рече дека политичкото насилство е секогаш неприфатливо.

„Мило ми е што слушнав дека Доналд Трамп е безбеден и неповреден. (Ги испраќам) моите најдобри желби до него и неговото семејство“, рече Зеленски на социјалната платформа X.

реклама

Забременување по 40-тата година: Што се менува и како да ги следите плодните денови?

Read more

Дали ја видовте „ракетата“ на Доминик Собослаи против Тотенхем?

Read more

Саудијците ја секнаа нафтата за Европа, итно се бараат алтернативи

Read more

Домашна погача што секогаш излегува совршено и е лесна за подготовка

Read more

Свет

Нови фотографии откриваат колку се уништени американските бази по иранските напади

Read more

Белорусија вежба одбрана од дронови на границите со Полска и Литванија

Read more

Саудијците ја секнаа нафтата за Европа, итно се бараат алтернативи

Read more

Мерц поради успехот на AfD го откажа патувањето во Њујорк

Read more

Вести

Нови фотографии откриваат колку се уништени американските бази по иранските напади

Читај повеќе
  • filter

Белорусија вежба одбрана од дронови на границите со Полска и Литванија

Читај повеќе

Саудијците ја секнаа нафтата за Европа, итно се бараат алтернативи

Читај повеќе

Прекин на струја денеска во делови од општините Петровец и Кисела Вода

Читај повеќе

Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди

Читај повеќе

Мерц поради успехот на AfD го откажа патувањето во Њујорк

Читај повеќе

Емиратите купија десетици милиони барели ирачка нафта со огромни попусти

Читај повеќе

Земјотрес во Пехчево и Берово

Читај повеќе

Нападнат танкер за нафта во Ормускиот Проток: Двајца морнари се водат како исчезнати, 23 се спасени

Читај повеќе