Кренете глава од телефоните: Колкава штета може да ви направат?

Не треба да претерувате во ништо, дури ни во користењето на мобилните телефони. Прекумерното зборување, пишување и држење на телефонот во раце може да направи голема штета по вашето здравје.

Телефонски лакт

Кога го држите мобилниот телефон на уво за да зборувате, можно е да почувствувате болка и/или пецкање во подлактицата и малиот прст. Ова е клинички познато како Cubital Tunnel Syndrome и е предизвикано од триење на рамото со улнарниот нерв. Тоа е еден од главните нерви на раката, и нервот што го погодувате кога ќе го удрите лактот. Ако лактот ви е свиткан подолго време, притисокот извршен врз улнарниот нерв го прекинува протокот на крв.

Болка при пишување пораки

Болката во палците и зглобовите од прекумерна употреба на смартфонот за пишување пораки, исто така е честа појава. Ова често се нарекува text claw и станува збор за повреда како резултат на постојано напрегање предизвикано од континуирано виткање и кратки повторливи движења на палецот кон екранот.

Пожелно е да го држите телефонот со двете раце бидејќи така го распределувате напорот и се намалува веројатноста за трајни повреди.

Врат и дишење

Долготрајното и непрекинато „работење“ на смартфонот ја менува и позицијата на главата на вратот, и тоа станува пострашно со секое продолжување на времетраењето на ваквата положба, Ова резултира со болка во вратот и лошо држење на телото.

Овие промени во положбата влијаат и на лопатките на рамената и се зголемува оптоварувањето на мускулите прицврстени за нив. Ова е особено проблематично, имајќи предвид дека многу од овие мускули се неопходни за движење на рацете.

Сепак, загрижувачки е што истражувањата покажуваат дека овие промени во начинот на кој го држиме телото додека ги користиме уредите имаат штетни промени во функцијата на белите дробови, намалувајќи го нивниот капацитет, што укажува на тоа како дишните патишта се попречени.

Со тек на време, овие промени можат да ја намалат респираторната функција на организмот. Значителен пад на функцијата на белите дробови е забележан дури и кај децата, што укажува на многу рано редовно користење на смартфоните кај децата и нивна зголемена употреба на рана возраст.

Зависност

Се разбира, постојат и ментални и социјални влијанија од прекумерната употреба на смартфоните, вклучително и зависноса од нив, која станува сѐ почест проблем во светот.

Користењето паметни телефони предизвикува многу сигнални патишта во мозокот поврзани со чувството на награденост и нè прави да се чувствуваме добро, како ослободување на допамин. Ова може да доведе до тоа да се потпреме на нашите телефони и да ги користиме почесто за да продолжиме да го постигнуваме овој наплив на допамин.

Симптоми на зависност од паметни телефони вклучуваат нарушен сон, проблеми со извршувањето задачи, изолација од луѓе и прикривање на реалното време поминато со смартфонот.

Прекумерната, проблематична употреба може да предизвика и номофобија - страв да не останете без мобилниот телефон. Ова резултира со вознемиреност кога сте без телефонот, потење, вознемиреност и треперење.

реклама

Во Кина откриен нов вид џиновски носорог, поголем од жирафа

Read more

На Ериксен ќе му биде вграден уред кој спасува живот, но носи и низа опасности

Read more

Четири хороскопски знаци кои привлекуваат сè околу себе

Read more

Емотивен момент во кампот на данската репрезентација: Се појави Кристијан Ериксен

Read more

Здравје

Колку вода треба да пиете во текот на летото?

Read more

Која е улогата на јодот во нашиот организам?

Read more

Идентификувани гени кои го зголемуваат ризикот од депресија

Read more

Што ни порачува телото, дали внесуваме доволно зеленчук?

Read more
 

Магазин

Селена Гомес ја краси насловната на австралиското издание на Vogue

Читај повеќе

Четири хороскопски знаци кои привлекуваат сè околу себе

Читај повеќе

Како да се справите со претераното потење?

Читај повеќе

Направи сам: Домашен спреј против комарци

Читај повеќе

Брзо и лесно: Рецепт за палачинки со тиквички

Читај повеќе

Реплика на Мона Лиза продадена за рекордни 2.9 милиони евра

Читај повеќе

Мечка влезе во град во Јапонија и нападна луѓе

Читај повеќе

Зошто жените се посреќни со помалку атрактивни мажи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт за сладолед од три состојки

Читај повеќе