Првите модели и дизајни за автомобили биле направени во 15. век и тоа од Леонардо да Винчи. Оттогаш, состојбата на глобалната автоиндустрија се има значително сменето, секако.

Од погон на парна машина, бензинци, па хибриди и денеска до електрични автомобили, безбедносните карактеристики на возилата играат важна улога при изборот.
Автопроизводителите поминаа долг пат низ историјата на автобезбедноста и денес се достигнуваат нови нивоа на стандардите за безбедност во сообраќајот.
Потребата да се револуционизира автобезбедноста не беше целосно реализирана до 50-тите, кога беа развиени првите воздушни перничиња за повеќекратна употреба, како и други безбедносни механизми.
Но, како што возилото старее, има неколку фактори што влијаат врз намалувањето на безбедноста на автомобилот, на страна од механичкото трошење.
Статистичките податоци покажуваат дека возачот има 10 пати поголем ризик од фатални повреди во судир со возило старо 30 години во споредба со понов модел. Автомобилската индустрија континуирано работи на подобрување на безбедноста на актуелните механизми, како и на развој и тестирање на нови идеи за побезбедни возила.
Само изминатава година видовме значителен развој на технологиите на возење и нови типови на воздушни перничиња.