Крис Еванс до критичарите на лезбејскиот бакнеж во „Lightyear“: Идиоти!

Крис Еванс не е шокиран од сите оние кои го критикуваат неговиот филм „Lightyear“ инспириран од франшизата „Toy Story“, кој прикажува сцена од бакнеж меѓу два женски лика, бидејќи „овие луѓе се идиоти“.

Актерот тоа го коментираше за време на интервју за Reuters како дел од промоцијата на претстојниот филм на Disney-Pixar.

„Вистинската вистина е дека овие луѓе се идиоти. Секогаш ќе има луѓе кои се плашат и кои се неосвестении ќе се трудат да го задржат она што било порано. Но, овие луѓе изумираат како диносауруси“, рече Еванс.

Актерот потоа додаде дека не треба да им обрнуваме внимание, туку дека треба да „одиме напред и да го прифатиме растот што нè прави луѓе“.

Критичарите се повикуваат на стар аргумент: вклучувањето на бакнеж меѓу ликови од ист пол е план за да се влијае врз малите деца. Поддржувачите тврдат дека тоа само прикажува цела низа луѓе какви што се. На крајот на краиштата, истополовите бракови се легални и присутни во САД.

Сепак, филмот наиде на проблеми на меѓународните пазари, а Variety известува дека сцената со лезбејски бакнеж ќе биде отстранета од филмот во некои азиски земји, вклучувајќи ги Саудиска Арабија, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати.

„Американската приказна, човечката приказна, е за постојано општествено будење и раст, и тоа е она што нè прави добри“, рече Еванс.

Remote video URL
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Филм & ТВ

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Read more

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Read more

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more
 

Сцена

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе