Филм & ТВ

Крис Прат ја запроси постарата ќерка на Арнолд Шварценегер

14. јануари 2019 - 16:23 | А.С.

Актерот Крис Прат и писателката Кетрин Шварценегер соопштија дека се свршени седум месеци откако почнаа да се забавуваат.

Прат (39) на Instagram ја сподели радосната вест, објавувајќи фотографија од него и Кетрин (29) на која се гледа големиот дијамантски прстен со кој ја запросил.

„Мила Кетрин, многу сум среќен што ми рече ‘да’! Превозбуден сум што ќе се оженам со тебе. Горд сум што живеам смело и со верба, со тебе. Одиме!“, напиша Прат на социјалната мрежа.

Ѕвездата на „Avengers“ и постарата од двете ќерки на холивудскиот актер и политичар Арнолд Шварценегер и наследничката на кланот Кенеди, Марија Шривер, се забавуваат од јуни, 2018, ја потврдија романсата еден месец подоцна откако беа фотографирани во црква со синот на Прат.

Синот Џекс е од бракот со актерката Ана Фарис (42) со која се радели во август, 2017 година, по осум години во брак.

Двојката го финализираше разводот пред само неколку месеци, во октомври 2018 година.

Во саботата Крис и Кетрин беа забележани како тој ѝ помага да се отсели од нејзиниот стан во Санта Моника, Калифорнија.

Крис и Ана се венчаа во јули, 2009 година откако непланирано заминаа на Бали, Индонезија каде ја одржаа свадбената свеченост.

Ана се забавува со снимателот Мајкл Барет (47) од октомври, 2017.

Коментирај