Кристен Стјуарт како Лејди Ди ги разочара фановите

Објавена е нова фотографија од Кристен Стјуарт како принцезата Дијана во филмот „Spencer“.

Актерката позира во карирано сако во стилот на 80-тите, многу слично на она што Лејди Ди го носеше на еден од официјалните приеми.

На раката носи имитација на славниот веренички прстен на Дијана со дијаманти и сафир, а кој го наследи принцот Вилијам по нејзината смрт. Со овој прстен принцот ја запроси сопругата Кејт Мидлтон, која неколку пати го носеше во јавност.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Variety (@variety)

Сепак, фотографијата на Кристен наиде на претежно негативни коментари бидејќи луѓето сметаат дека актерката воопшто не личи на обожаваната принцеза.

„Воопшто не личи на неа. Само што има руса перика или се офарбала руса“, гласи еден од коментарите.

„О, Боже. Филмот нека се вика ‘Чудната Дијана’“, вели друг фан на социјалните мрежи.

„Ужасна актерка е, има само еден израз на лицето, зошто баш таа да ја игра принцезата?“, „Ова ќе биде многу лошо", продолжуваат негативните коментари.

Многумина исто така забележаа дека репликата на вереничкиот прстен е слабо изработена.

„Ако не можете да го направите прстенот како што треба – најпознатиот венички прстен - зошто воопшто да се мачите?“, „Не е тој прстен“, „Оддел за костимографија: Не успеавме да го направиме баш тој прстен, ама и овој ќе заврши работа“, коментираат обожавателите на Дијана.

Снимањето на филмот се одвива во Велика Британија и Германија, а се очекува да биде готов до крајот на оваа година. Се претпоставува дека филмот нема да биде прикажан премиерно до 2022 година, односно на 25-годишнината од смртта на принцезата Дајана.

Режисер на филмот е Пабло Лареин, а сценариото го напиша Стивен Најт, творецот на популарната серија „Peaky Blinders“.

реклама

Филм & ТВ

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Read more

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе