Кристијан Бејл откри за која негова улога се кае најмногу

Популарниот актер Кристијан Бејл е препознатлив по многу улоги, но стана култен по улогата на Бетмен во „Dark Knight“ трилогијата на Кристофер Нолан. Сепак, тој нема совршена кариера и вели дека за една од улогите се кае до денеска.

Актерот се најде во улогата на Џон Конор во четвртото продолжение од франшизата „Terminator“, но токму таа улога го прогонува и до ден денес.

Тој вели дека неколкупати ја одбил улогата пред конечно да ја прифати од инает према луѓето кои го убедувале да не се појавува во овој филмски проект. На крајот тој се појави во филмот во главната улога, а „Terminator: Salvation“ беше критички и финансиски неуспех.

„Трипати ги одбив. Сметав дека филмот, па и франшизата, нема приказна и не оди никаде. Но, откако многу луѓе почнаа да ме убедуваат дека тоа би било нелогичен потег за мојата кариера и дека не треба да ја прифаќам работата, решив од инает да им покажам дека не ми треба нивната помош за да се решам во кој филм ќе се појавам“, рече Бејл во интервју за MTV.

Актерот вели дека филмот бил „жртва на несреќни настани“, најмногу причинети од штрајкот на сценаристите во Холивуд во 2008 година, што го натерало Џонатан Нолан („Westworld“, „Dark Knight“) да се откаже од проектот.

„Terminator: Salvation“ стана познат по тоа што Кристијан Бејл на снимањето му се развика на еден од работниците на филмот, по што доби имиџ на арогантен и препотентен актер со кој тешко се излегува на крај.

Сепак, Бејл вели дека таа случка е сега зад него и тој ја смета како „поука“ за понатаму во животот.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Филм & ТВ

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Read more

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Read more

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Read more

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Read more
 

Сцена

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Читај повеќе
  • play_arrow

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Читај повеќе

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Читај повеќе

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Почина Мирко Попов

Читај повеќе