Кристијано Роналдо – Дали го прегази времето?

Гол на секои 315 минути, само четири во текот на првата полусезона од шпанското првенство, немоќ во нападот, дали Кристијано Роналдо е минато?

25 додавања, 11 удари, 4 во рамките кон голот, 2 гол прилики, 2 одземени топки, 0 добиени дриблинг дуели, нула голови, нула асистенции.

Така гласи статистиката на Кристијано Роналдо против Виљареал, која можеби е и најдобар приказ за формата во која се наоѓа освојувачот на Златната топка.

Петкратниот најдобар играч на светот, последен пат во 2017 година, не личи на себе оваа сезона. Поретко влегува во шанси за гол, не доминира на теренот како порано, тешко добива дуели, а уште потешко му е постигнувањето на погодоци.

Шеснаесет погодоци (три од пенал) на 24 натпревари за многумина звучи импозантно, но таа статистика е далеку од импресивна, барем не кога е Кристијано Роналдо во прашање.

Кога малку подетално ќе се фрли поглед на неговата статистика, лесно може да се заклучи дека главен показател за формата во која се наоѓа Роналдо е неговата ефикасност во Ла лига, а овде беше стрелец само четири пати оваа сезона на 14 натпревари.

Тоа значи дека тој постигнува погодок на секои 315 минути, што е сепак премногу за него.

Напоредно со тоа, шампионот на Европа Реал Мадрид точно на половина на сезоната има дури 19 поени помалку од лидерот Барселона, која ги покори на „Сантијаго Бернабеу“ пред еден месец.

Колку е Реал лош оваа сезона можеби најдобро зборува фактот дека заостанува цели десет поени зад градскиот ривал Атлетико, кој е далеку од блескава форма.

Според ова, не треба да се биде експерт за да се споредат резултатите на Реал со ефикасноста на Кристијано Роналдо, а бидејќи тоа е период кој трае речиси веќе пет месеци, мора да се постави прашањето – Дали е ова крај на ерата на Кристијано Роналдо?

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе