Кристијано Роналдо по петти пат ја освои Златната топка

Португалецот Кристијано Роналдо по петти пат стана добитник на Златната топка која ја доделува угледниот France Football.

Овој француски магазин наградата за најдобар фудбалер на светот ја доделува уште од далечната 1956 година, а Роналдо се изедначи со Лионел Меси на врвот по бројот на освоени награди, па сега и двајцата имаат по пет Златни топки.

Португалецот и Аргентинецот заедно ги освоија последните десет награди на France Football.

Роналдо за најдобар фудбалер на светот во 2017 година беше избран од страна на 173 новинари ширум планетата.

Порано ја освојуваше оваа награда во 2008, 2013, 2014 и 2016 година.

За потсетување, кон крајот на месец октомври ФИФА по петти пат го прогласи Роналдо за најдобар фудбалер на светот.

Второто место на оваа листа му припадна на Меси, додека на трето заврши Нејмар.

Во прилог погледнете ја листата од 10 најдобри фудбалери на светот според France Football:

1. Кристијано Роналдо

2. Лионел Меси

3. Нејмар

4. Џианлуиџи Буфон

5. Лука Модриќ

6. Серхио Рамос

7. Килијан Мбапе

8. Н’голо Канте

9. Роберт Левандовски

10. Хари Кејн

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе