Отворена е истрага против Кристијано Роналдо бидејќи ја напуштил самоизолацијата во која се наоѓаат играчите на Јувентус, за да присуствува на натпреварите за репрезентацијата на Португалија.

Оваа вест ја објави министерот за спорт на Италија, Винченцо Спадафора, во разговор за RAI.
Играчите на Јувентус се сместени во изолација откако неколку играчи добија позитивен тест, а Роналдо без ничија дозвола ја напуштил самоизолацијата.
Роналдо по натпреварите против Шпанија и Франција доби позитивен тест на коронавирус, со приватен авион се врати во Торино и оттогаш се наоѓаше во строга изолација.
Спадафора рече дека Роналдо не го почитувал протоколот кога си заминал и сега е под истрага. „Доколку се докаже дека Роналдо го прекршил протоколот му се заканува голема парична казна“, вели министерот.