Критиките ја тераат НБА на промени: Баскет 1-на-1 од наредниот Ол-стар

НБА размислува да ја прошири својата Ол-стар програма, па од следната сезона би можеле да гледаме и натпревар во баскет ио тоа 1-на-1 за време на познатиот кошаркарски настан, јавуваат американските медиуми.

Имено, како што интересот за Ол-стар настанот се намалува од година во година, комесарот на лигата, Адам Силвер, размислува да воведе новини за следниот НБА спектакл со цел да ја врати довербата кај навивачите.

Поради сомнителниот формат, целокупната долга програма и недостигот на квалитетен материјал, оваа организација на Ол-стар настанот во Сан Франциско исто така претрпе сериозни критики, па Силвер практично е принуден на овој потег, а целиот концепт ќе се базира на примерот на Unrivaled лигата која годинава со голем успех организираше турнир 1-на-1.

Победник на натпреварот, инаку, беше кошаркарката на ВНБА, Нафеса Колиер, која покрај убавото признание си понесе и чек од 200.000 долари, иако наградите за НБА лигата, секако, беа многу повисоки. 

Оваа идеја, инаку, со години кружи во НБА. И, тоа го започнаа навивачите. Нема сомнение дека љубителите на играта би сакале да ги видат најдобрите кошаркари во светот во „поприродна“ верзија, па, кој знае. Можеби НБА ќе им ја исполни желбата. Засега нема прецизни информации за наградите, но повремено се споменува награда од милион долари за победникот.

„Би сакал да играм таков турнир. Ако имам шанса да играм со некој 1-на-1, би бил среќен поради тоа. Ние играчите треба да направиме се за да го направиме Ол-стар викендот поинтересен. И за навивачите, но и за кошаркарите. Би бил среќен да бидам дел од тоа“, ја коментираше оваа идеја Јанис Адетокунбо.

реклама

Утре дожд во пролет, ќе има и грмежи и силен ветер

Read more

Неколку совети како побрзо да ги исушите алиштата дома

Read more

Се откриваат скандали во градежништвото: Од издадени 2.810 лиценци, нерегуларни се дури 427

Read more

Кривични за директор и членови на комисии од Охрид и од Струга

Read more

Кошарка

Леброн се врати од повреда, Дончиќ брилираше, но Лејкерс доживеа дебакл дома

Read more

Денвер без Јокиќ немоќен против Портланд, Дурент го растури Кливленд

Read more

Брони постигна рекорд во тешкиот пораз на Лејкерс

Read more

Познато во кои 11 европски градови ќе се шири НБА

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

УЕФА го вклучи голот на Миовски во конкуренција за најдобар гол во првото коло

Читај повеќе

Ѓоковиќ: Ќе продолжам да играм, да видиме колку ќе издржам

Читај повеќе

Тудор се согласил да го води Јувентус до крајот на сезоната

Читај повеќе

Пјастри победи во Кина пред Норис и Расел

Читај повеќе

Мота ќе добие отказ, на неговото место доаѓа Манчини

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн се врати од повреда, Дончиќ брилираше, но Лејкерс доживеа дебакл дома

Читај повеќе

Федерика Брињоне испиша историјата во Светскиот куп

Читај повеќе
  • play_arrow

Македонија рутински мина во Лихтенштајн

Читај повеќе

Милевски ги одреди стартните единаесетмина за мечот во Вадуц

Читај повеќе