Кривичен ја објави пресудата за „Змиско око“

Скопје, 21 февруари 2020 (МИА) – Основниот кривичен суд Скопје денеска ја објави пресудата за предметот со КОК бр. 38/16 во јавноста познат како „Змиско око“ против 46 обвинети и седум обвинети кои се судат во раздвоени постапки.

-При одлучувањето, како што беше и кажано при објавата, судот ги изведе доказите кои се содржани во напатствијата од одлуката на Апелацискиот суд Скопје, ги имаше предвид својствата на обвинетите, односно улогата која ја имале во предметниот период, а при анализа на доказите и при одлучувањето судот се раководеше исклучиво од материјалните докази кои укажуваа на кои наплатни станици е констатирана некаква штета, а на која наплатна станица не е утврдена никаква штета при работењето на
инкасантите, се наведува во соопштението од судот.

Со пресудата, како што стои во соопштението, Обвинението за кривичното дело Злосторничко здружување по чл. 394 ст.2 од КЗ се одбива поради настапување на апсолутна застареност.

-Обвинетите В.М. С.А., В.Ј., З.Б. се ослободуваат од обвинение за кривичното дело Злоупотреба на службена положба и овластување по чл.353 ст.5 вв ст.1 од КЗ. Останатите обвинети се огласуваат за виновни за кривичното дело по чл. 353 ст.5 вв ст.1 од КЗ па имајќи ја предвид нивната позиција, својство и овластување им се изрекува: За одговорното лице – алтернативна мерка Условна осуда со казна затвор од 2 години која нема да се реализира доколку во следните 5 години не стори ново кривично дело, се додава во соопштението.

Од судот посочуваат дека на обвинетите кои имале својство на контролори на наплатни станици им се изрекува алтернативна мерка Условна осуда со казна затвор од 1 година и 6 месеци доколку во следните 3 години не сторат ново кривично дело, обвинетите со својство на сменоводители и инкасанти им се изрекува алтернативна мерка Условна осуда со казна од 1 година доколку во следните 2 години не сторат ново кривично дело.

Воедно судот не го прифатил предлогот на застапникот на обвинението со дополнителна пресуда да одлучува по однос на имотно – правното побарување и за тоа Државниот правобранител го упатил на граѓанска парница.

-Потребно е да се напомене дека при објавата на пресудата еден од обвинетите, чиј идентитет е познат, искажа навреди и пцовки упатени кон судечкиот совет за што судот ќе изготви службена белешка и ќе покрене соодветна постапка, се наведува во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе