Кривична пријава против фирма од Струмица и против управителот за даночно затајување

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица и Д.Ј.(37) од Кавадарци, управител на правното лице, поради постоење на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“ по член 279 од Кривичниот законик.

Пријавените, во периодот од 01.12.2023 до 31.12.2023, имале обврска како даночни обврзници да извршат уплата на данок од личен доход на добивка од игри на среќа во износ од 626.457 денари, а во периодот од 01.01.2024 до 30.04.2024 имале обврска да извршат уплата данок на лични доходи по други основи во износ од 351.845 денари, но не ги уплатиле.

Исто така, пријавените, за остварениот приход од приредување на игри на среќа во автомат клуб за периодот од 01.01.2024 до 30.04.2024 оствариле приход како разлика меѓу уплатите и исплатите за износ од 6.270.304 денари, на која пресметале а не уплатиле 20% посебна давачка во износ од 1.254.061 денари.

Со ваквите дејствија, пријавените го оштетиле Буџетот на РСМ за вкупен износ од 2.232.363 денари.

реклама

Хроника

2252 сообраќајни прекршоци во празничниот викенд, 1018 за брзо возење

Read more

Опожарена површина од околу 7 хектари со трска во Охрид

Read more

Фатен пијан крадец на Golf во Неготино, возачот излетал од патот

Read more

Приведен возач од Струшко кој престигнувал долга колона и го загрозил сообраќајот

Read more
 

Вести

Зеленски: Спремни сме на директни разговори со Русија

Читај повеќе

Времето утре претпладне сончево, попладне пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Објавени последните зборови на папата

Читај повеќе

ММФ: Светската економија значително ќе забави, на САД драстично

Читај повеќе

УЈП: Даночните обврзници имаат рок до петок да поднесат ДДВ – 04 пријави

Читај повеќе

МВР апелира: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки

Читај повеќе

Италија прогласи петдневна жалост за смртта на папата Франциск, погребот в сабота

Читај повеќе

Ал Гор: Администрацијата на Трамп е како нацистичка Германија

Читај повеќе

Нова цена на мазутот, дизелот и бензините без промени

Читај повеќе