Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Крива Паланка

Кумановската полиција до ОЈО Куманово поднесе кривична пријава против лицата А.А. (57) и М.М. (67), поради сомнение дека сториле кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување исправа“.

Како што информираат од МВР, двајцата пријавени во периодот од јуни 2009 година до мај 2013 во два наврати ја злоупотребиле својата службена положба и овластувања, првопријавениот во тој период во својство на градоначалник на општина Крива Паланка, а второпријавениот во својство на тогашен директор на ДСУ „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка, постапувајќи спротивно на заклучоците и одлуката на Владата на Република Македонија во врска со проектот за изградба на 35 спортски сали во кој што список влегла и општина Крива Паланка за финансирање на изградба на спортска сала во сопственост на општината, а на користење на средното училиште.

Имено, А.А. и М.М. на 29-ти мај 2009-та година изготвиле и потпишале лажна исправа, Договор за инвестирање во изградба на спортска сала „Петар Поп Арсов“ со Агенцијата за спорт и млади како инвеститор на проектот. Притоа, го завеле лажниот договор под три деловодни броја во три деловодника и тоа во: оној при општина Крива Паланка, во ДСУ „Ѓорче Петров“ и во Агенција за млади и спорт, во договорот во член 7 став 1, навеле дека спортската сала наводно ќе биде изградена во дворот на ДСУ „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка, иако таму што веќе имало изградено спортска сала.

Исто така, согласно склучениот договор, општина Крива Паланка се обврзала да го подготви теренот и да обезбеди пристапни патишта за отпочнување на изградбата, да изврши технички прием на функционалност на спортска сала, да издаде употребна дозвола, и да достави до Агенцијата за млади и спорт имотен лист во кој ќе биде впишана спортската сала. Овие одредби од договорот воопшто не биле исполнети, туку спротивно на тоа, пријавениот А.А. донел и потпишал Решение за локациски услови за градба и потпишал Одобрение изградба на спортската сала, на друга локација, на катастарска парцела која дел била во сопственост на Општината, а дел во сопственост на Република Македонија, и без претходно да се изврши пренамена на земјиштето од земјоделско во градежно, информираат од МВР.

По изградбата на спортската сала, двајцата пријавени по втор пат ја злоупотребиле службената положба и овластување кога прифатиле и потпишале Записник за примопредавање на спортската сала, со Агенцијата за млади и спорт. Наведувајќи притоа, дека наводно истата целосно е завршена иако не биле изведени градежни работи за доградба, реконструкција, паркинг простор, сообраќајници согласно Одобрението за градење, а што е констатирано во Записникот за извршен вонреден инспекциски надзор од страна на градежната инспекција.

Од МВР потенцираат дека со тоа била нанесена дополнителна штета на Општината, која во наредниот период треба да ги доврши овие градежни работи. Воедно, констатирано е дека новоизградената спортска сала воопшто не била внесена во катастарскиот операт за КО Крива Паланка, а имотниот лист во кој требало да биде внесена спортската сала во сопственост на Општина Крива Паланка, никогаш не бил доставен до Агенцијата за недвижности при Влада на Република Македонија.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Хроника

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Read more

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Read more

Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош

Read more

Возач од Скопје удри малолетник, детето со тешки повреди пренесено во Градската општа болница

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе