Хроника

Кривична пријава против повеќе лица за поседување дрога

18. септември 2019 - 17:21 | МИА

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(37) од с.Шипковица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 17.02.2017 на регионалниот пат Тетово – Попова Шапка, пред с.Шипковица, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, управувано од пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

СВР Штип поднесе кривична пријава против З.В.(38) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 17.01.2019 на ул. „5-ти Мај“ во Штип, полициски службеници извршиле претрес во домот на В.Ф.(25), при што пронашле и одзеле хероин, кој претходно го набавил од пријавениот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против М.А.(22) и М.Ф.(25), двајцата од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 24.04.2018 на ул. „Душан Јовески“ во Кичево, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавените, при што пронашле и одзеле марихуана и раствор на метадон.

Полициската станица Гевгелија поднесе кривичнa пријавa против А.Ц.(43) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 03.09.2017 во Гевгелија, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, управувано од А.Т. од с.Миравци, при што пронашле и одзеле марихуана и екстази, кои претходно ги набавил од пријавениот. 

Коментирај