Хроника

Кривична пријава против повеќе лица за поседување дрога

29. септември 2019 - 12:00 | МИА
Скопје, 29 септември 2019 (МИА) – На 28.09.2019 во 15:20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит Пазар, го лишиле од слобода А.Р.(23) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја. Тој бил приведен во Полициската станица Бит Пазар и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 28.09.2019 во 21:50 часот во СВР Тетово биле лишени од слобода С.И.(19) и 17 годишен малолетник и двајцата од Тетово, кај кои во кругот на Клиничка болница Тетово при преглед над истите од полициски службеници била пронајдена и одземена марихуана и метален боксирач.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против И.А.(31) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 20.09.2019 во Прилеп, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин, амфетамин и семки од растението канабис.

Коментирај