Хроника

Кривична пријава против повеќе лица за поседување дрога

17. октомври 2019 - 16:32 | МИА

Скопје, 17 октомври 2019 (МИА) – На 16.10.2019 во 21.20 часот полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Самоилова“ го привеле Е.А.(20) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 16.10.2019 во 21.00 часот на крстосница на улиците „Борис Кидрич“ и „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Г.Р.(42) од тетовска Мала Речица и Н.Н.(19) од тетовско Рогле, затоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против Г.Р. и Н.Н. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 15.10.2019 во 20.50 часот полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Самоилова“ при извршен преглед кај 17 – годишен малолетник од Скопје била пронајдена алуминиумска фолија со хашиш. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.С.(22) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 08.05.2019 на локалниот пат с.Копанце – с.Туденце, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, управувано од пријавениот, во кое биле уште три лица, при што пронашле и одзеле марихуана.

Надворешната кацеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.А.(20) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,овозможување на употреба на наркотични дроги“. На 18.05.2018 во Кочани, на паркинг-простор од брана „Градче“, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што пронашле и одзеле амфетамин.

Коментирај