Хроника

Кривична пријава против повеќе лица за поседување дрога

5. јануари 2020 - 11:03 | МИА

На 04.01.2020 во 15.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје во Горно Нерези, ги лишиле од слобода С.И.(29) и А.А.(27), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот, соопшти денеска МВР, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 04.01.2020 во 20.15 часот, полициски службеници од СВР Тетово на улицата „133“ во Тетово, ги лишиле од слобода В.Х.(20) и 17- годишен малолетник, двајцата од село Порој, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По комплетно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 04.01.2020 во 18.00 часот, полициски службеници од СВР Тетово на улицата „Илинденска“ во Тетово, го лишиле од слобода Е.Ј.(32) од Тетово, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена бела прашкасата материја. По комплетно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.И.(22) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 10.12.2019 во населбата „Грудајци“ во Гостивар, полициски службеници извршле претрес во дворното место од куќата во која бил С.И., при што пронашле и одзеле марихуана и кокаин.

Вчера полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Н. К. (34) од Струга, затоа што во близина на угостителски објект на улица „Железничка“ во Охрид, при извршен преглед кај него била  пронајдена и одземена марихуана. Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полициски службеници од СВР Битола вчера ги лишиле од слобода П. Ј. (37) и М. В. (36), двајцата од Битола, поради тоа што во 22.20 часот на ул.„Климент Охридски“ во Битола, при преглед над нив и на  патничкото возило „хјундаи“, со кое се превезувале, била пронајдена марихуана и прашкаста материја. Притоа, тие се однесувале агресивно, попречувајќи ги полициските службеници при вршење на службени дејства. Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Коментирај